Сега вака, имам голф 3 од 96-7 дизел без турбо, 1.9 чади само 30 секунди после палењето и тоа ако е изладен, значи од сабајле претежно. Е сега пошто немам многу искуство со дизели, ова ми е прва дизел машина, па ќе ве замолам за совет: Имам Sonax адитив на кој пишува дека е за намалување на чадот но и дека го штити моторот и го продолжува векот. Е сега на стоеденот откако му ставив некој си додаток за да компресија, демек да не дуват, по некое време уште толку почна да дуват и да не влече, па мораше на ремонт да оди. Е сега на ова што се токма да го става пишува Smoke reducer oil additiv, друго пишува демек бил за пополнување на празнини т.е. некаде луфта ако имало ... и дека го спречувало тоталното цедење на масло, значи хилзните ќе биле "натопени" со уље пред да се запали моторот.
Да го ставам овој додаток или не?