Здраво форумџии. Ако не ве интересира историјата на колава, рипнете го првиот пасус
Возам Хјундаи Санта Фе произведена 2002ра година, поседувана од 2003та година, купена од пријател со 20тина улјади километри. Џипчето во главно го има служено татко ми добри 10 години пред да го фатам ја да го возам
. Фурана е на автопат првите 120.000 километри, дали по бизнис, дали по одмори. па потоа 30тина илјади низ град (минус 3-4000км по одмори) каде што што поебани се подизачи (како што слушам само еден тропа) и турбото е продувано. Капе уље од него, и ако ја нагазам чури како воз. На јаглен. „Фамилијарно“
е одлучено дека ќе се вози додека не се распадне. Сега јас ја возам неделно најмалку по 300-400 километри практично исклучиво на автопат, па одлучено е дека подвозјето е прво на ред да се прави. Ова е мал увод во историјата на колава, не сум сигурен зошто пишав
.
Ќе се менуваат предни долни вилушки, или комплет гумици - буфери на предни вилупки, исто така и задни буфери. Сериските броеви кои што ми ги кажаа во сервис се следните:
- Долна предна лева вилушка 5450126000
- Долна предна десна вилушка 5450226000
- Чаура на задница, заден трап 5511826000
- Гумици, стопери за задна чаура x2 5516726500
- Гумици, стопери за задна чаура x2 5516826500
Ми треба совет и искуство за добар мајстор и уште побитно, ДЕЛОВИ. Во македонија се немам јавувано по продавници со делови, но претпоставувам дека деловите можат поевтино да се најдат по БЛгарска, или ГрЦка, па ги имам најдено овие страни. Би сакал совет од поискусните, кои брендови се подобри, а кои полоши..
Тука ги гледам Феби предните долни вилушки,
https://www.autopower.bg/%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%87%D0%B8-hyundai-santa-fe-1-sm-2.0-crdi-4x4-d7854c20.htmlЛева предна долна вилушка,
https://www.autopower.bg/%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%87-febi-bilstein-hyundai-santa-fe-1-sm-2.0-crdi-4x4-27946-g7854c20-i26528141.htmlДесна предна долна вилушка,
https://www.autopower.bg/%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%87-febi-bilstein-hyundai-santa-fe-1-sm-2.0-crdi-4x4-27947-g7854c20-i26528142.htmlИ исто така Феби комплетот гумици
https://www.autopower.bg/%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82-%D1%82%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%87%D0%B0-febi-bilstein-hyundai-santa-fe-1-sm-2.0-crdi-4x4-29667-g7854c20-i22691028.htmlСакам да се изврши оваа работа правилно и коректно, па затоа прашувам каде што знам дека нема да ме заебат.
Поздрав!