Денес бев кај дечките во Дог за да ги проверат паркинг сензорите. Понекогаш едниот од десната страна знаесе да затаи и да не титка кога ќе треба.
Само што им кажав што е проблемот, веднаш извршија проба на возилото и сензорите, направија дијагностика, и го детектираа проблемот. Кабелот што го спојуваше сензорот со модулот беше сомнителен и го заменија.
Бидејќи уредот ми беше под гаранција, нормално не ми наплатија ништо.
Професионалци до коска. Браво. Секоја чест момци.