motorceto e super za niz grad i na otvoreno do kaj 100-110km posle toa e maltretiranje..
Сега ќе ти кажам зошто не гледам никакви дури и теоретска можност дека би било малтретирање да се вози пунтово, па макар и 120:
Тоа е затоа што имам ЈУГО 45 и го возам со години. Сум го возел до Битола, Струмица итн
Јас гаста во живот не сум ја притиснал повеќе од неколку милиметри.
Секогаш колата ја возам колку што му е нормално и природно забрзување, секогаш го слушам моторот, и не му давам ништо повеќе од тоа што може да поднесе или да бучи. Секогаш природно забрзување, тивко, бавно, сигурно. Секогаш ме носи каде што сакам. без да имам никаков проблем дека побавно сум стигнал. Кога сум бил на автопат и ако колата има природно забрзување и услови, без проблем си вози 100 или 110. Никогаш не би помислил дека имам потреба да возам повеќе од 120 да речеме.
Единствен проблем, кој би го нарекол "проблем" на југото е што му се видело тешко на плетвар од Прилеп према Кавадарци, на почетокот на плетвар околу 1км, каде што натоварено не можело да качи повеќе од 20-30. Но тоа било само околу километар и не ми пречи. Дури сум се качувал горе на Кожув и тоа на највисокото, без проблем.
Пак ќе повторам, јас никогаш не го знам чуството што значи да натиснеш гас повеќе од некој милиметар. Значи по оваа може да заклучоте каков шофер сум и каква ми е филозофијата на возење.
Мојата логика е следна, ако југо 45 ми вршело идеална работа во патување, не гледам теоретска можност тоа да не го направи пунтото, уште помалку дека би се малтретирал затоа што не може да качи некаде 150.