Здраво на сите,
Пред 20 дена ставив нов акумулатор (53 ач ВАРТА СИЛВЕР, али редно беше после оригиналниот од добри 9 години), денес на шал таблата во возење ми светнаа истовремено жолтата сијаличка EPC, и истовремено се запали ламбата што покажува (вода).
Се јавив на еден пријател што долги години вози VW, ме упати да ја извадам клемата ,,-,, на акумулаторот, ја извадив и повторно ја стартував колата, сега се изгаси EPC-to, но остана да свети другата сијалица.
Незнам, вакво нешто до сега не се случило, да не случајно е од промената на акумулаторот, и зошто после 20 дена се појави, а не веднаш. Проверив состојба на течност во моторот се е ОК, проверив да не случајно е замрзната течноста се си е ОК, течноста си врти најнормално и е жешка. Имам вградено плински уред исто го проверив и таму се си е ОК со течноста врти низ расплиначата.
Ве молам дајте ми некој совет, претпоставувам дека не е нешто сериозно, колава си работи најнормално, не губи снага, постигнува нормално температура.
Дали останува да ја однесам на компјутер, и ако одлучам дајте ми некој предлог тука за во Скопје, по можност околу Карпош.
Однапред благодарам, поздрав.
Еве и некоја слика како изгледа ова на лице место.