@osmica8
Ај уште малку да ти појаснам, да не ме толкуваш погрешно.
Не ми се обраќај директно мене кога сакаш да кажиш нешто за Галакси 2.
Значи јас за мој телефон, за мои потреби, не користам нити ајфон, нити галакси 2.
Јас ги наведував недостатоците со кои ќе се соочат корисниците (секако за 2% не важат тие) со купувањето на ајфон.
И успат напоменав дека за оние кои имаат да дадат толку пари за таква скапа играчка (значи 500+ евра за телефон), дека најдобро решение, односно најдобар пакет се во едно е Галакси 2. И толку.
После излезе оваа темава, па ме тераш да ти реплицирам за Галакси како татко ми да го правел.
Е сега друго нешто..
Знаеш ли што значеше ајфон?
Тоа беше телефон, кој кога излегуваше на пазар, не го интересираше ништо друго.
Значи откако ќе излезеше, другите марки, една по една се мереа со него. Си ставаа платени клипови, па како тие биле подобри, како тие се доближиле до него итн..
Денес, значи прати ме добро, денес, Октомври месец, 2011 господова година, излегува нов модел (или ако сакаш подмодел) на ајфон, кој е најдобриот ајфон излезен досега, за тој истиот, веќе во наредната недела две да се мери и споредува со Галакси.
Па знаеш ли ти колку пати ќе се преврти во гробот Стив, ако може да го види ова?
Денес живееме во свет во кои многу работи изгледаат чудни, ама не за џабе се така.
Па денес можеш да го видеш шефот на Голф, да се воодушевува на Хјундаи. (ајфон беше голф во телефонијата)
Денес веќе не се живее на стара слава. Пазарот си го прави своето. А купувачите одлучуваат кој ќе биде на врвот.
Затоа јас ти викам.. Не сум јас галакси. Не го правам јас него. Јас ти кажувам што е најдобро досега.
Тој екран, таа слика, таа брзина која ја поседува истиот е нешто што не се опишува со зборови.
Просто да се чуди човек која технологија ја има во двата телефони. Одлични се и двата.
Но, знаеш како велат, на врвот нема место за двајца. Моментално таму е Самсунг.