Автор Тема: Citroen C4 Coupe 1.4 16V  (Прочитано 17205 пати)

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« на: 11 Јануари 2016, 15:08:49 pm »
Да ја претставам мојата љубовница. Citroen C4 Coupe 2009, прв газда, купена од автонова.

Досега со неа поминав 125.000 и сум немал никакви технички проблеми. Сервисирана кај маалски мајстори, а од пред некое време во Team Auto Motosport https://www.facebook.com/Team-Auto-Motosport-Avto-Servis-1508322212800219/?fref=ts во Јурумлери кај Тино. Најдобриот мајстор во Скопје и пошироко за Peugeot и Citroen.

Пред извесно време ставив 16-ки Extreme бандажи комплет со гуми од Stop&Go. Пред 3 дена беа намонтирани Koni Sport Yellow амортизери со OMP спирали, спуштање напред / назад 35мм.

Во план е промена на ламела, а наскоро заден VTS спојлер, 15мм дистанцери и обработка на глава за да се извади некој коњ повеќе.

Се вози на Lovato плински систем, монтиран во Мар Мил Монт. Пред тоа имав Landi Renzo ама тоа беше ужас и прича сама за себе :)


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #1 на: 11 Јануари 2016, 15:09:30 pm »
Ау браво! Одлично изгледа со бандажчињата.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг:
« Одговори #2 на: 11 Јануари 2016, 15:19:11 pm »
Супер му стојат бандашиве, VTS изглед.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #3 на: 11 Јануари 2016, 16:31:18 pm »
Супер изгледа :) Пушти повеќе слики :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #4 на: 11 Јануари 2016, 16:37:25 pm »

Се вози на Lovato плински систем, монтиран во Мар Мил Монт. Пред тоа имав Landi Renzo ама тоа беше ужас и прича сама за себе :)



ај поопширно кажи што те мачело?

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #5 на: 11 Јануари 2016, 16:38:51 pm »
Фино изгледа. Главата κој ќе ти ја пρави? :)

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #6 на: 11 Јануари 2016, 17:43:40 pm »
Фино изгледа. Главата κој ќе ти ја пρави? :)
Тино од Јурумлери :) на него највеќе му верувам

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #7 на: 11 Јануари 2016, 17:50:13 pm »

Се вози на Lovato плински систем, монтиран во Мар Мил Монт. Пред тоа имав Landi Renzo ама тоа беше ужас и прича сама за себе :)



ај поопширно кажи што те мачело?

На бензин работеше ужасно, на плин работеше супер. Трокирање, гасење, губиток на снага. Пишував по многу форуми и барав чаре кај многу мајстори и официјални сервиси. Све се испита и провери и не се најде решение.

Ме пратија кај Никола од Биос Тјунинг. Проблемот беше тоа што бензинскиот систем се пре-адаптирал на работата на плинскиот систем, а овој бил лошо инсталиран и насетиран. На бензин клапната и вбризгалките работеа лошо, и колата примаше помалце бензин, а со тоа и се гушеше.

Чаре беше инсталирање на нов софтвер на ECU-то и инсталација на нов плински систем.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #8 на: 11 Јануари 2016, 18:06:38 pm »
Малку повеќе филм ти направил плинарот т.е мармилмонт за да ти лапне парички, пошто е ланди рензо претпоставувам е местен во плимонт и цела процедура  се решава за пола сааат, се флешува екуто на колата и се ресетира а после се прештелува и плинскиот уред и чао пријатно, тебе те оголиле 500 јурци на гол газ.

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #9 на: 11 Јануари 2016, 18:40:26 pm »
Малку повеќе филм ти направил плинарот т.е мармилмонт за да ти лапне парички, пошто е ланди рензо претпоставувам е местен во плимонт и цела процедура  се решава за пола сааат, се флешува екуто на колата и се ресетира а после се прештелува и плинскиот уред и чао пријатно, тебе те оголиле 500 јурци на гол газ.

Незнам дали Landi Renzo или само Landi. На компјутерот на плинскиот систем пишува Landi LSI Plus.

Како и да е тоа што дадов 350 за нов уред и 140 евра кај Никола ама баш ич не ги жалам. Вбризгалките на ландито штракаа ко лимени оркестар. Уопште не жалам што го сменив. Ловатото е 100 пати подобро.

Инаку плинот беше монтиран во штип кај Плин Петров.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #10 на: 11 Јануари 2016, 18:48:50 pm »
Фино изгледа. Главата κој ќе ти ја пρави? :)
Тино од Јурумлери :) на него највеќе му верувам

Ок, со среќа па пиши што биднало :)

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #11 на: 11 Јануари 2016, 18:53:10 pm »
Фино изгледа. Главата κој ќе ти ја пρави? :)
Тино од Јурумлери :) на него највеќе му верувам

Ок, со среќа па пиши што биднало :)

На есен здравје :) Сега имам други трошоци со колата

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #12 на: 14 Јануари 2016, 15:50:54 pm »
125.000 км

- Промена на спони (внатрешни + надворешни) и стабилизатори.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #13 на: 14 Јануари 2016, 22:50:36 pm »
Problemot so plinot e tocno kako sto ti e bilo opisano, ecuto na motorot ti se naucil na novata smesa gorivo / vozduh ( koga vozis na plin motorot i negovite sensori neznaat deka vozis na plin ) i bidejki benzinskiot ecu se naviknuva na novite paramtri i soodno gorivo / benz koga ke ja prebacis kolata na benzin raboti po parametrite promeneti vo vremenskiot interval koga si vozel na plin, i potoa so losa benzinska mapa motorot dava pogresno kolicestvo gorivo na kolicestvo vozduh i tuka nastanuva problemot...

Super cim si go sredil plinot, dobro e sto si bil uporen :-)

Отсутен Lambda

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Citroen C4 Coupe 1.4 16V
« Одговори #14 на: 15 Јануари 2016, 16:52:52 pm »
Problemot so plinot e tocno kako sto ti e bilo opisano, ecuto na motorot ti se naucil na novata smesa gorivo / vozduh ( koga vozis na plin motorot i negovite sensori neznaat deka vozis na plin ) i bidejki benzinskiot ecu se naviknuva na novite paramtri i soodno gorivo / benz koga ke ja prebacis kolata na benzin raboti po parametrite promeneti vo vremenskiot interval koga si vozel na plin, i potoa so losa benzinska mapa motorot dava pogresno kolicestvo gorivo na kolicestvo vozduh i tuka nastanuva problemot...

Super cim si go sredil plinot, dobro e sto si bil uporen :-)

3 години проблемот го барав на друго место. P0171 Fuel Trim Bank 1 беше единствениот ерор што ми го даваше дијагноза и + на шал таблата Anti Pollution Faulty. За жал овој ерор код е поврзан и со ламбда сонда, егр вентил, неисправни свеќици, клапна итн итн, па така еден по еден дел се проверуваше и тестираше.

Случајно налетав на овој Никола од биос тјунинг и ептен ми беше чудно коа ми рече дека ќе го среди проблемот, пошто пред тоа 10 мајстори истото го имаа кажано. Ми кажа дека со 100% сигурност ќе биде решено и ќе ме чини 140 евра.

После неговата интервенција, колата се однесе на плинар кој утврди дека плинот е тој што ги прави проблемите, и доколку сакам колата да ми работи како што треба, потребно е нов плински систем + 350 евра :)

Значи 3 години и 500 евра помалце, среќен човек сум сега!