Автор Тема: Chevrolet cruze -10  (Прочитано 15574 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #30 на: 12 Јануари 2016, 07:35:08 am »
Можно е Гојде и да е у право, јас пофален збор не сум чул за крузот од никој кога ќе го продаде, а познавам 2-3ца. Тоа околу деталите лесно може да го познае човек што вози класа коли цел живот, а ако некој од 101 или жигули влезе во крузот на толку копчиња секако колата му се чини дека е авион.
Таксистите не знам што ги земате за пример кога од град не мрднале на страна, а кога ќе им ги видам коливе се нешто им фали. За велешки таксист тико е најубаво па не гледам некој да го форсира ко бест бај овде.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #31 на: 12 Јануари 2016, 08:31:16 am »
Тек за Полото да отвори душа ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #32 на: 12 Јануари 2016, 08:47:21 am »
Куоре сабајле откако ќе се стане треба да се кака, па после на компјутер ;)
Мене јасно ми е дека Круз откако ќе го купиш нов дома треба да го досклопиш. Е сега кој е неинформиран ќе си пати :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг:
« Одговори #33 на: 12 Јануари 2016, 10:17:26 am »
Ostaj go Gojde, cruzot gomno mazda 6 avion najbolji kola nekogas napravena. E sea mazdata ja platil ovaa mu ja dale ko na slepec i sea necini jade burek mrsen.
Не те разбирам, т.е. не ти ја разбирам логиката на размислување...До сега сум возел преку  10 различни службени возила, 6 приватни и незнам колку други возила од пријатели. Ако ги оставам фичата, југовците и ладите на страна, од сите нив Круз е најголемата канта од возило кое некад сум ја возел. На секои два-три месеци окапува по две недели на сервиси! А ако мислиш дека нешто измислувам, слободно прашај во Аутомакедонија од каде се купени и каде се сервисирани кантите! За останатото ако има потреба и интерес од повеќе „неверници“ ќе сликам па кој и после тоа не врува кога ќе се збирате во Чили на кафе и пиперки, ќе ја донесам кантата за да види со свои очи.

А за Маздата единствените проблеми кои се појавија во 115kKm беше сецкање на ниски вртежи поради плинскиот систем(кон 70kKm) што го решив со ефтина промена на кабли и свеќици (100 евра) и промена на држач на мотор на 105kKm (120 евра). Никогаш не ме оставила на пат и никогаш не киснела по сервиси, додека Крузот ме остави 3 пати со жена и деца у вукојебина. Маздата е сработена од висококвалитетни материјали, целата шалт-табла, вратите и стубовите се обложени со квалитетна меморипена. Има неверојатен хендлинг и распределба на тежина, во кривини задницата воопшто не шета, а благодарение на мултилинкот не се кљанка туку зазема најблаг можен агол така што не се осеќа возењето во кривина. Не знам со какви зборови да ја опишам разликата во возење од зади во Мазда 6 и Крузот, огромна е!

Тек за Полото да отвори душа ;D
Што збориш бе? Полата(2007, 2008 1.4TDI PD) за Крузот беа кока-кола! Брчеа како трактор без ауспух и беа жива пластикарија внатре(исто ко Крузот само очито поквалитетна), но никогаш Поло ме нема оставено на пат, ниту знам некое да имаше некаков дефект сличен на било кој од многуте кои ги има Крузов. А ги возевме 10 луѓе кој ќе стигне и кај ќе стигне и им натепавме по 100~200kKm. Ова кантава, кога не е на сервис, ја возам само јас.
« Последно менување: 12 Јануари 2016, 10:27:56 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #34 на: 12 Јануари 2016, 10:43:05 am »
Мене уште не ми е јасно кој со кого има проблем...Ти со кантата или кантата со тебе :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #35 на: 12 Јануари 2016, 10:48:21 am »
Мене уште не ми е јасно кој со кого има проблем...Ти со кантата или кантата со тебе :D :D :D

Кантата има проблем со директорот. :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #36 на: 12 Јануари 2016, 11:19:32 am »
Шала на страна, Крузот стварно е заостанат во поглед на квалитет. Може да се види и од странски форуми.
Но веројатно постојат повеќе серии со различни степени на квалитет. На интернет може да се начекаат сведоштва како на Гојдо а има и сосем спротивни, каде Крузот нема никаков проблем и после 100.000 километри.

Треба да биде јасно како ден дека кај СИТЕ производители на возила има различни класи на квалитет што излегуваат од фабрика. На некој ќе му се падне добро а на некому не. Тоа е така очигледно, и не е ништо ново. Истиве муабети како на овој форум се наоѓаат и на други.

На пример: На Гојдо службениот круз е крш невиден, маздата му била авион, а таксистиве ги искинаа од возење во 3 смени а кога ќе влезеш внатре мислиш си во нова кола од салон.
На Ахтунг (или кој и да беше не е битно) братучетка му маздата ја остава неколку пати на сред пат, на Гојдо му е авион.
Мене Полото (ист случај со 3 различни) ме оставаше 3 пати на пат, дремеше во сервиси 10% од времето, на Дени истото е авион
Комшија има Туарег 4 години со никаков проблем, нашите службени 4 пати ги шлепавме до скопје и плаќавме по 4700 евра сервиси на менувачите и диференцијалите
За Спаркот слушав секакви муабети, слушам сеуште дека од сервис не излегувале, дека трошеле 12 литра у град, кај мене 8 години ниеден квар нема, троши 6,5 литри во град, исто и кај казан исто и кај Владо
За Твингото служав дека било кварливо го гомно а јас службено му направив 60.000 за 3 години без еден единствен квар.
За Цитроен Ц4 слушав исто дека е кварливо, прв мој комшија го има, има над 200.000 поминато со него без ниеден проблем
За Инсигнија слушам како бил канта, крцкала, тропала а ја имам сега службена нема ни 1% вистина од -личните искуства- на некој тука. Имав и Мерцедес S класа службено крцкаше и тропкаше повеќе него кадетот што го имам 50 години стар.

Јебига, лотарија е све во животот. Само треба малку повеќе објективно и реално да се гледа на работите.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #37 на: 12 Јануари 2016, 11:54:41 am »
Чудно како 2 од 3 круза се невидена мизерија, за третиот среќа сме имале само казанчето му се скрши (на сите три казначињата попуштија). Вториот на 50kKm доби проблеми со полуосовините, тресе и не вози повеќе од 20km/h. Го поправаа во Белград(во Србија рикна), па пак се јавува истиот проблем два пати и кантата со шлеп служба се носи до сервис. На слична километража имаше некакви проблеми со електроника(не знам што), а дизните му се преебани уште од претходно и секогаш фрла црно и смрди од ауспух.

Изгледа е чиста коинциденција што 3 од 3 Пасати се одлични, 30 од 30 Шкода Октавија сите со над 100+ kKm без никакви проблеми, 15 од 15 Мицубиши Л200 се одлични, 15 од 15 Пежо 307 се вртат сеуште со 200+ kKm и т.н. На претходно работно место 20+ од 20+ Пола без никакви проблеми, 5 од 5 Фокуси и 5 од 5 Мондеа исто без поголем проблем, 1 Мицубиши Паџеро Пинин..ах да имаше уста да каже каде се не е качено и колку е малтретирано тоа возило на свои 200+kKm. Ниедно од нив нема ни 5% од проблемите што ги имаат кантиве! Ваљда среќа е во прашање, пошто на поминати 100kKm е нормално да го смениш цел мотор еднаш до два пати?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #38 на: 12 Јануари 2016, 12:02:09 pm »
Па зависи кај кои возила. Има и такви утки, како на пример Голф 4 со 1,9 SDi мотори. Муцка за 10 години 4 мотори смени.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #39 на: 12 Јануари 2016, 13:03:44 pm »
Куоре сабајле откако ќе се стане треба да се кака, па после на компјутер ;)

Само ти јади гомна ја ќе какам ..

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #40 на: 12 Јануари 2016, 14:12:30 pm »
Пак се се сведува на лични искуства.

Секое возило си има соодветни маани. На едни пластика/крцкање, на други дел од моторот, на трети суспензија ...итн.

Во одредени моменти се мешаат некои работи. Правите споредба меѓу службени возила и лични возила.

Службените возила, кој сака нека каже, се најексплоатираните возила, не се внимаваат на дупки, се цедат постојано, т.е. луѓето си играат курташак со нив.

Убаво спомна некој, како ќе ти биде среќата со некоја кола. Ист модел, иста година, исто службена/лична, некој поминува без ниту еден дефект, некој повеќе е на сервис отколку што ја вози.

Еве конкретно ќе ја земам Нубирата. Во мај 2002 во Битола купивме тројца Нубири во иста недела. Беа на добар саемски попуст.

Двајца ги продадоа првите 5 години. Проблеми со мотор, проблеми со електрика, не знам што.

Да не ја почудам, ене 165 000км од кои 40 000 километри на плин, нема оф кажано. Освен што сменав бензинска пумпа како вон стандарден сервис во последните 14 години и два пати менував дихтон на поклопец, ништо друго неам сменато.

Летоска сменав задни амортизери после 14 години. Предните сеуште се во топ состојба. Патем, пред да одам на регистрација правам детална проверка на подвозје, амортизери и сл. Ако има нешто да се смени, сменувам, па ја носам на регистрација.

Значи се се сведува на „каква ти е среќата“ особено кога се работи за автомобили од ниска/средна класа.

За луксузните ретко кој може да каже какви се, бидејќи ретко кој е прв газда па да направи споредба.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Chevrolet cruze -10
« Одговори #41 на: 12 Јануари 2016, 14:22:09 pm »
Можеби е точно тоа со среќата за Daewoo/Chevrolete, ама не и со сериозни брендови. Пишав погоре колку службени возила имаме и сега каде работам и на претходното место, и за ниедно од нив не важи ова правилово со среќата освен со Крузовиве. И со статистика 2/3 фалични не станува збор за среќа туку за несреќа. Ете имаме 30 Шкоди Октавии 1.9TDI 105 2011. Постари се година и кусур од Крузовите и сите имаат поминато бар 50% повеќе километри, а ги возат повеќе шофери и по секакви терени. Ниту една нема да пушта црно, ниту пак имала некаков проблем со мотор и слично! Крузовите ги вози само еден возач, а освен асвалт друг пат не виделе! Ваљда не е дека сме биле пресреќни па сите 30 од 30 Октавии ни се погодиле?
Ум шо идит отпосле не јет ум!