Брат ми купи пред 1 година renault megane 2005 1.5 105ks, 6 брзини, сличен (ист) мотор има и во scеnic, и за некој 15.000км, сем еден голем сервис, друго нема ништо чепнато. Со електроника нема проблем, со подвозје нема проблем. Имаше само една изгорена сијалица за средно светло. И секако нов акумулатор во ек на зимска сезона, прошлиот не знам колку беше користен. Масло на 2 мењање од кога е кај нас, на 168.300км поминати по километража, загуба 0.3л.
Е сега ценовно, многу им паѓа цена, или им е падната, во споредба со vw golf plus од исто годиште, ценовно се тука негде со C-MAX, а пак најголем губиток има на citroen xsara, поефтини се со 1000, 1000 и нешто.