Возам Citroen C4 1.4 бензин 16v, а имам и Citroen C2 1.4 бензин 8v. и низ овој период добро се имам расчитано се за тие мотори за да можам да ти кажам со сигурност дека може еден куп работи да го појават твојот симптом.
И јас имав нешто слично, со C4ката, мада да она е на плин и проблемот беше друг.. но во твојот случај јас би ти кажал следно:
1. Тие мотори се многу осетливи на свеќици, ставај само фабрички, NGK никако. Работат и NGK но многу е можно и да направат колата да се однесува непредвидливо.
2. Можно е да е степер мотор на клапната, а можеби и треба да се избуши клапната за да работи поубаво на лер (мојата ја бушеа во автонова, без мое знаење, не ми го решија проблемот со трокирање btw, беше нешто друго).
3. МАP сензор.
4. Проблем со температурен сензор на термостат
5. Moжеби проблем со lambda сонда (треба да се чисти)
6. Бобина?
Можам да ти препорачам автосервис што со 100% сигурност ќе ти го детектира и среди проблемот, не е само да се избрише грешката од компјутер.