Автор Тема: Peugeot 206 1.1i  (Прочитано 4602 пати)

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Peugeot 206 1.1i
« на: 04 Јануари 2016, 02:22:21 am »
Пежо 206 1.1i 2002 година, 129.0000км поминато. Стандардна опрема, нема клима.
4 нови зимски гуми, алумински бандажи 14ки, регистрирано со зелен каротн.
Мотор, подвозе одлично, каросериски има малце забелешки.. гребнато, набиено али ништо страшно ќе се среди  :D









Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #1 на: 04 Јануари 2016, 02:49:26 am »
И јас имав исто вакво. Многу убаво возилце, со здравје да се вози.

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #2 на: 04 Јануари 2016, 02:55:55 am »
И јас имав исто вакво. Многу убаво возилце, со здравје да се вози.

Фала :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #3 на: 04 Јануари 2016, 11:11:03 am »
Нема никаква мана, моторот е неуништлив, предницата е сосем добра, никакви проблеми. Единствено што сум имал проблем а и двајца другари со истиот модел е пумпите за гориво што им цркаат некако редовно. На страна од тоа одлично е возилото.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7120
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #4 на: 04 Јануари 2016, 11:21:06 am »
Трапот ако е здрав не би требало други проблеми да имаш

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #5 на: 04 Јануари 2016, 11:22:01 am »
Моторот е добар. Исто влегуваше во Југо (без заебанции). Сум се возел често и сум возел често. Ни беше „службена“ во БАС :)

Единствена замерка беше воланот што повеќе беше сунѓер него ли волан и пушташе црнила.

Имаше некои проблеми со електриката и скапите сервиси во Еуроимпекс. :D

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #6 на: 04 Јануари 2016, 11:33:37 am »
Нека тера колку тера, барем нема да ја мислам кај ја паркирам и дали ќе ја гребне или чукне некој. ;D
Машините знам дека се добри, татко ми има неколку сакса донесено со 1.1 машина, од кои едно е кај еден роднина. Го утрпаа од возење веќе 4-5 години без никаков дефект.(Ако не грешам дека истата машина ја возат)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #7 на: 04 Јануари 2016, 11:36:46 am »
Да да, 1.1 со 60 коња.

Како мотор мислам дека имав прочитано дека до лани го вградуваа. Започна уште во AX-от. Така што моторчето нема маана.

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #8 на: 04 Јануари 2016, 12:07:14 pm »
супер тогаш, покасно или утре ќе ставам уште некоја слика.
Треба да се смени рачката од мењачот скршена е и возачко седиште кое незнам како успеало да пропадне а да не е скинато ;D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #9 на: 04 Јануари 2016, 14:26:15 pm »
Моторот е добар. Исто влегуваше во Југо (без заебанции). Сум се возел често и сум возел често. Ни беше „службена“ во БАС :)

Единствена замерка беше воланот што повеќе беше сунѓер него ли волан и пушташе црнила.

Имаше некои проблеми со електриката и скапите сервиси во Еуроимпекс. :D
Токму така, овој мотор се вградуваше во последните модели на Југо во 2008 кога и запре производството (за жал).  :)
Одлично возилце, кое верувам дека одлично ќе те служи. Со здравје да се вози  ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #10 на: 04 Јануари 2016, 14:56:00 pm »
Еве го во Yugo


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #11 на: 04 Јануари 2016, 20:33:00 pm »
Најпрвин честитки, убав избор :)
Како што @Carpathian Lord рече, ова е мотор од TU серијата на PSA, кај тебе конкретно е TU1JP.
Јас го имам истиот мотор на Ксарата, само што кај мене е 1,4 TU3JP.
Oвој мотор, заедно со серијата мотори Cleon на Рено е најдоброто нешто од француската автоиндустрија.
Не дека ги имам двата мотора дома, него тоа го велат многу механичари, интернет форуми и сл.
Едноставен мотор, издржува многу, лесен за сервисирање. И многу трае.
Оваа серија мотори е вградувана во многу Пежоа и Ситроени од 1986 до 2014 година.

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #12 на: 04 Јануари 2016, 21:21:47 pm »
Фала ви, еве уште некоја слика :D






Отсутен Trajche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #13 на: 20 Април 2026, 16:17:40 pm »
Почитувани, мислење за Пежо 206, 1.1 бензин плин? Колата е 2002, има поминато 135 000

Отсутен Trajche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Peugeot 206 1.1i
« Одговори #14 на: 20 Април 2026, 18:30:07 pm »
24 години младичко уште... Дали пежото пушач го има возено галантерија внатрешна во каква состојба е...

Сочувано е внатре. Не е од пушач. Само седиштата се нечистени, па мора хемиско...
Сијалички треба да се сменат некои на магленки, позади исто...
Е сега ме интересира ваше мислење, го качив Букова и Ѓавато, пошто е 1.1 нема толку сила ама не е проблем, но надолу после стрелката наеднаш крена 120 степени температура... Затсанав, олади 2, 3 минути и немаше гајле после... Го газиш, 120, 130 на час под 70 степени темперстура нема гајле, е ама за назад пак после нагорнините, оред Охрид качи температура... 2, 3 минути пауза и олади на 70 степени...
Мислење?
« Последно менување: 20 Април 2026, 18:53:01 pm Trajche »