Го апдејтирав на најновиот iOS 11.0.2 како и да беше.
Два глича имам.
1) Кога го уклучувам телефонот секогаш е на landscape иако го држам ...portrait? Морам да влезам во менито и таму да се заврти екранот.
2) Секогаш Bluetooth е уклучен, дури и ако го исклучам јас, пак се уклучува по некое време. Реално ми одговара оти дур возам одма ми се врзува со Parrot-от во колата. Сепак глупав glitch е.
Мала информација за блутут и ви-фи.. Талентите од ејпл решиле дека ако ги исклучиш преку контрол центарот, не го гаси блутут или вифи модулот, туку само го дисконектира од поврзаната мрежа.
Провери си во сетингс и ќе видиш дека блутутот ти е уклучен, иако у контрол центарот ти покажува дека е исклучен.
Мене ме нервираше првите денови пошто вифито мислев дека го гасам и на пола ноќ ќе се поврзе повторно и ќе ми пискаа нотификации. Ме извадија од сон неколку дена, маму им...
Единствено е дека мобилен интернет се исклучува преку контрол центарот и затоа е со зелена боја, останатите само ги дисконектира од конектираната мрежа/уред