Ајде Ајфонџии со совршениот, небагиран оперативен систем - помагајте:
Се работи за iPhone 6S, апдејтиран на овој софтвер постиран над мене. По апдејтот, Епл бара од корисникот да се промени пасвордот на Apple ID - корисникот го менува пасвордот, ја прави процедурата Log out - Log in, све је у реду.
Проблем настанува кога корисникот пробува да продолжи да си ги користи iMessage пораките - кои се оневозможени, веројатно поради промена на пасвордот. Океј, јово-на-ново пишување и во iMessage менито новите логин информации, и при проба за активација, не се активира. Корисникот пробува повторно да активира, повеќе пати (како што би секој нормален човек) али не може, и баталува.
Корисникот отвара онлајн сметка да си провери, глеа астрономска сума - iMessage при секој обид за активација праќа интернационална SMS порака во Велика Британија.
Налет парите, како на совршениов оперативен систем да се овозможат iMessage пораките без корисникот да подига кредит за да си отплати месечна сметка за телефон?