Автор Тема: Се за iPhone и останати i уреди.  (Прочитано 570037 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3105 на: 27 Октомври 2016, 19:51:28 pm »
sea picina micina ko ke se lepet

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3106 на: 27 Октомври 2016, 21:41:58 pm »
Чисто информативно, стварно скрин протектор (пичкин дим) за ипхон е 127 евра?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3107 на: 27 Октомври 2016, 21:43:38 pm »
Кој те лажел тоа жити се :D Сега ми стигнаа 4 комада темперед 2 долари сите. Иначе 150 ден кај нас.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3108 на: 27 Октомври 2016, 21:48:45 pm »
То е, ќе не дупат нас ипхон плукачите :(

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3109 на: 28 Октомври 2016, 04:47:38 am »

Отсутен AUDIZAKON

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
  • Идеш за канаду сиви Ауди рола по граду...
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3110 на: 28 Октомври 2016, 08:40:21 am »
Другар ти багува ли камерата? 30 секунди и требаат да уклучи кај мене понекогаш.

Едит: еве пуштија нов софтвер може ќе се упраи

Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3112 на: 31 Октомври 2016, 18:54:45 pm »
Дегенеризам 4.5
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3113 на: 01 Ноември 2016, 14:52:53 pm »
Сите што сте на 10.0.1 или 10.0.2 апдејтирајте на 10.1 или 10.1.1. Најубаво ви е да симнете ipsw и да направите чиста инсталација преку iTunes со Restore и да го сетирате како нов, Set up as new iPhone. Има доста подобрувања во стабилност, брзина, решени багчиња особено тој со камерата итн. Претходно беше малку баговит, пошто тазе. Сега работи перфектно.



Патем се крчка

Apple Seeds iOS 10.2 Beta 1 to Developers




Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3114 на: 01 Ноември 2016, 15:16:12 pm »
Ја сум уште на 9.3.5. Се мислам дали да се потегнам да стаам 10ка на 5Ѕ...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3115 на: 04 Ноември 2016, 04:07:10 am »

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3116 на: 04 Ноември 2016, 12:38:16 pm »
Ја сум уште на 9.3.5. Се мислам дали да се потегнам да стаам 10ка на 5Ѕ...
Ти препорачувам да останеш на 9ка, 10ката мене почна да ми багува, ретко ама заглавува. Особено кога си на фб и да отвориш месенџер, чекам можда 5секунди и више, ама некогаш и кога да отворам апликација ми заглавува. 9ката според мене е најстабилна, еве жената и она е на 9.3.5 и нема никаков проблем.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3117 на: 04 Ноември 2016, 13:58:41 pm »
Ај да споделам искуство после една недела користење ајфоун, па кој не го мрзи нека чита  :)
Мислењава се лични, субјективни, а споредбата ќе ја задржам на последните 2 андроиди, еџ + кој е генерација со ајфонов и хтц м7.
И сосема можно е во дел од мислењата да не сум во право односно сеуште да не сум открил што/каде/како, пошто бев закоравен андроидџија.

Претходно користев Samsung Galaxy S6 Edge +. Eдинствената маана која ја имаше овој телефон беше што за мои потреби е преголем. Сите сакаат да им е голем, мене ми беше голем и сакав да ми е помал  :P

Првично, сакав да го сменам 2 недели откако го купив, па заради икс причини не го сменив, па дојде редот пак да размислувам на истата тема.
Нешто посебно избор за што би го сменил во помало паковање немав, па еден другар што соработува со мобилариве, ме напна за ајфон. Викам не сум јас тој тип, абе пробај пробај пробај, ништо не губиш, ќе видиш, стабилност, дрн, дрн, јас ќе ти средам.... ај ок, ќе бараме ајфон, да сменам.

Баравме половен, јер нов скуп. Разгледавме што има на понуда, е арно ама, пошто он се разбира, а и соработува со дечкиве по мобилариве, половен а сочуван односно неотваран речиси е невозможно да се најде и тоа само по некоја 16-ка и по некој розев.

Па следствено, направивме комбинација за земање нов 6Ѕ 64. Седумката е прескап пошто е нов, моментот со слушалките воопшто не ми се свиѓа поготово што во денот 1 час поминувам на слушалки.
И така земав нов ајфон, стар една година  ;D

Првично, големината ми одговара ептен. Мооожда му фали максимум пола инч, ама крајно небитно. Она што ми е битно, телефонот е целосно апроучабл со една рака, нешто што беше незамисливо на Самсунгот.

Изработката не би ја коментирал, врвна е. Ми ставија демек гратис некое заштитно стакло од горе, пошто брааат сите ставаат, не се глупирај, заштита на екранот. Абе нели имаше овој некое стакло на хелихоптери што се ставало, немало гајле. Абе остааај брааат, еве ти гратис. Го извадив наредниот ден пошто не ми се свиѓаше по ивиците како изгледа, а земав ајфоун и нејќев да гледам како во кинеска играчка. Ми тутнаа и маска, ама таа ја оставив пошто без неа заради камерата телефонот не лежи рамномерно и башка да не ми се гребе камерата на ајфоунот  ::)

Палам телефонот, активација, акаунт врзи дрш, недај. Си се синхронизираа контакти со Џ-мејл итн.

Екран.

Супер е. Одлична видливост на сонце. Споредено со самсунгот, поиспрани бои. На самсунгот повеќе ми се свиѓаше, од хатецето е подобар.
На она 3Д тачот сеуште не сум му нашол примена, односно не сум нашол каде да го користам, ама нов сум :)
Има подобар ауто брајтнес

Копчиња.

Сите копчиња даваат одличен фидбек, знаеш дали си го стиснал или не, истот како и сите премиум не ајфон телефони што ми паднале во рака
Кај ајфонов, не ми се свиѓа звукот на хоум бат’нот, гласен е за мој вкус
Тач сензорот е совршен, подобар од на самсунгот и ми се допаѓа што треба само да кликнеш да го отклучиш телефонот за разлика од кај самсунгот каде треба да го разбудиш телефонот, па да го отклучаш на сензор

Јузабилити.

Обично коментарите при преод од една кон друга платформа е, леееле не можам да се снајдам, кај е ова, кај е она.
И мене ми беше така, ама после еден ден веќе функционирав нормално
Има пар идиотски работи кои се подобро решени кај андроидине, а не најдов кое решение тука повеќе ми одговара

Навигацијата е крајно едноставна
Сетираш дали екранот да се уклучи при придвижување на телефонот (и кај андроид го има) и гледаш саат, односно како нотификација дали нешто си пропуштил на лок скрин (многу ми фали лед нотификација)

Слајд лево кај што има виџети, мене ми се сетирани фејврит контактс па одма од тука ги барам, временска прогноза, римајндер и календар

Слајд десно камера. Исто е и кај андроидите, кај самсунгот дополнително можеше  да пристапиш во камера од било каде со дабл клик на хоум батн

Кога е отклучан телефонот прикажани се апликациите, тоа е најголемата разлика од андроидите. Е сеа нема да се подредат апликациите по азбучен ред или најкористени или слично туку само се трупаат во наредна страна, па рачно треба да си ги преместуваш. Направив фолдери па сега е по ок. Изгледот дали ќе влезеш во мени или цело време си во мени е ствар на вкус и веќе почнав да се навикнувам.

Ми се допаѓа што слајд од средина на екран вади срч кој пребарува низ све, контакти, календар, апликации итн.
Андроид го има оној гугл срч бар кој мене стално ме нервирал и сум го тргал, кај иос повеќе ми се допаѓа како е решено (знам дека нова лаунчер кај андроид има вакви разно разни сетирања)

Апликации.

Ги најдов апликациите што ги користев на андроид и истите ги инсталирав. Посебно среќен бев кога ја најдов FuelBuddy, па морав да ја купам и го импортирав комплетниот лог за евиденција на колата.

Се збореше дека апликациите изгледале поубаво тука, не е точно
Се збореше дека апликациите побрзо се отварале, не е точно. На swarm, tumblr и уште некоја таму им треба цела вечност (вечност како мерка за премиум телефон) да се отворат
Подобро „лизгале“ игрите за разлика од кај андроид. Јас фрејмови не мерев ама не приметив дека Real Racing 3 или CSR2 или FIFA лизга подобро него на самсунгот.
Се збореше дека апликациите биле постабилни, не е точно. MSQRD паѓа на супермен, LetzDo се утепа од паѓање, App Store на два пати се замрзна, Viber на 3 пати се замрзна итн.
Единствено подобро тука што рекламите што ги дава на цел екран можеш одма да ги исклучиш, а кај андроид треба да чекаш 15-30 секунди за да ја исклучиш (кај игри најчесто)
Тастатурата кај андроидите (самсунг нативната, хтц некоја 3рд парти беше) е 3 класи подобра, од промена на јазик, преку специјални карактери, бројки...
Мејл апликацијата нема пуш опција за мејлови од џ-мејл, туку ќе сетираш на 15 мин. рифреш или ќе ја отвориш апликацијата и ќе напраиш мануелно рифреш. Затоа пак, џ-мејл апликацијата има опција за пуш мејл, ама па каде се менува звукот за добиен мејл и зошто не можам да го сменам бог те пита
Зошто звукот е еден, зошто ако ми е ставено ѕвонењето на максимум, треба и алармот сабајле кога ме буди, да разбуди и пола комшилук
Научив рингтон како се менува (преку ајтјунс), пошто на сите ајфоните исто им свират, на еден му ѕвони во банка петорица за џеб се фаќаат  ;D
Добар дел од сетингс на апликациите не се во самите апликации, туку во сетингс сетингс, па од таму ја бараш апликацијата, па нејзините сетингс. Хесусе.

Шеринг ис керинг

Малце идиотски е решен шерингот
Да речеме немам шер со Box, туку треба да ја отворам апликацијата, па од таму да барам што ми треба
Споделувам слика од галерија на инстаграм, пишувам коментар и толку, нема филтер, нема кроп итн. Ако сакам така, треба да отворам апликација, па од таму да таманам
Ај на тие работи ќе се навикнеш некако, но шо прајме со шер на Smart TV. Требало да имаш Apple TV и ќе шеруваш преку Air Play Mirroring. Во 21-ви век. Краааааајно едноставно е тоа направено кај андроидите. Најдов за иос некои апликации и сите работат половично или треба да се купат

Си има посебен кабел, па сеа треба да купам еден за на работа и уште еден за ви џеб да се најде ако сакам да се врзам негде. Не приметив, ама веројатно на ПЦ не го наоѓа како сториџ.

Камера

Нема шанси во никој поглед со камерата на самсунгот, освен слоу моу видео
Од опции, сетинзи, квалитет и формат на слика, па се до каде побогу се исклучува кликот кога се слика и зошто немам опција на приказ на она што сум го сликнал

Звук.

Има гласен звучник, погласен од двата претходни телефони
Звукот пуцкета на FIFA, може да е и до играта

На слушалки, до сега, јас подобар звук немам слушнато на било кој уред. Неговите слушалки сеуште не сум ги слушнал туку ги користам Панасоникот што си ги имам купено. По комплетен, по прецизен звук, со длабоки басови без изобличување без разлика колку гласно е пуштено, гласови, средни, високи, немам слушнато. На иста трака слушам работи што претходно не сум ги слушнал. Браос.

Батерија.

Никад не сум се заитересирал кој телефон колкав капацитет на батерија има како бројка, тотално ирелевнтно ми е. Појма немав ни претходните што бројки имаа позади батериите ниту па овој знам што бројки има. Единствено што ми требало е телефонот да изджи во текот на денот нормално користење. Повици, пораки, синхронизација со мејл, фејсбук, твитер, вајбер, месинџер..... некоја игра во ВЦ или пред легнување  и слично. Значи да не се штедам дали ќе ми издржи, туку да користам све и да издржи до вечер.

Хатецето му требаше менаџмент за да издржи, со кастм ром немаше гајле. Самсунгов уште од мајка си немаше гајле. Секогаш ја дотрошував батеријата навечер, со кастм ром си тераше 2 дена без гајле, со нормално користење, без играње.

Ова ајфонов не знам што батерија има и што менаџмент има (веројатно таа е таа оптимизација) ама батеријава не му се троши. Не знам што треба да направам за да ја потрошам батеријава за еден ден. Станува збор за една недела користење, па сеуште тарашкам низ него и не сум пробал, ама скоро сум сигурен дека 2 дена ќе ги тера без никаков проблем без устручавање. Како за пример, вчера, 1 час музика преку 4Г саундклауд, вајбер ебаање, iMessage ебаање, Messinger ебаање, околу 10-тина минути разговор, фејсбук, снимање видео и седнувам дома во 18:00 батерија 69%. Ај ќе дотрошам, истрошив енергија NBA, истрошив енергија FIFA, истрошив енергија Sniper Killer, ај твитер го утепаа Димета, па некоја трка CSR2, па ај тапаталк да видам форумџииве што праат. Стигна 22 саат 20% батерија. Шоте еам, на штекер и си се гушнав со супруга на спање.

Многу идиотски му е приказот за истрошеност на батерија и нема колку време има скрин он тајм, а баш ме интересира.


Закључак.

Телефонот е сосема солидно парче хардвер со речиси идеална големина.
Ја завршува работата одлично и е ворилес. Ако ти треба телефон и да не се замараш со ништо, туку само бутај што ти треба и користи го, ова е правиот избор. Доколку можеш да си го дозволиш.
Голем минус за мене е конективноста со Samrt TV и ќе видам како ќе го решам.

Дали вреди за парите?
За мене, во никој случај, поготово што Андроид конкуренцијата нуди повеќе за помалку евра.

Вреди само ако си Apple фан бој и ако го гледаш како инвестиција (дизељ јебо те), плаќаш повеќе, продаваш повеќе, еве на пример сочуван примерок после една година користење се продава за 500 еура.
И да, ако решиш сега да земеш и да не се замараш со избор наредни 4 години. Не ми се веруваше, ама про’рчкав и 4Ѕ и 5Ѕ и сосема солидно си тераа без разлика на годините. Е беа на постар софтвер и  понови работи не може да користат.

Дали би купил пак?
Зависи од понудата. Нов, тазе излезен е безобразно и неоправдано скап и би го зел само ако „мора да е ајфон“ или ако е стварно добра понудата (договор, доверба...). Постар модел, како добра понуда, како што го зедов овој, можеби, зависи што има во понуда актуелно на андроид платформа, а да не експлодира (да речеме моментално Пиксел).







 

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3118 на: 04 Ноември 2016, 14:31:39 pm »
Јас имам Смарт ТВ Самсунг и користам Ајфон 6 и има вифи ремоут контрол се конектира со ТВ и гајле немаш. Убава рецензија си напишал

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Се за iPhone и останати i уреди.
« Одговори #3119 на: 04 Ноември 2016, 14:32:41 pm »
На она 3Д тачот сеуште не сум му нашол примена, односно не сум нашол каде да го користам, ама нов сум :)
Најкорисна примена ти е кога пишуваш текст, задржи посилно на тастатурата и можеш да го мрдаш курсерот каде сакаш за да едитираш нешто, корисна работа. Намести си во Settings помал притисок на 3д тачот, мене ми е на Low и е супер така.

Екран.
Супер е. Одлична видливост на сонце.

Бидејќи е IPS, а ips е подобар на сончева светлина, поубава прегледност има. Мене ме нервираше нотето кога го користев, ги правеше боите ептен вештачки.

И уште еден совет да ти дадам како тро поискусен и јас директно од самсунг се префрлив на 6s, во март беше тоа почетокот на оваа година. Никогаш претходно не сум користел ајфон. Ама сега никогаш не би отишол на самсунг, бидејќи претходно пред нотето бев корисник на ванила андроид, Нексус и корисничката поддршка, софтверот мазноќата ептен ми фалеше, сега со iOS го најдов повторно тоа и не би мењал :)

Дали од 9.3... отиде на ios 10 директно преку телефонот, ота апдејт?? Сега има iOS 10.1 и iOS 10.1.1. Правилна инсталација на поголем софтвер е ЧИСТА инсталација со ipsw Преку iTunes и сетирање на телефонот како нов.

Доколку сакаш тоа да го направиш и да немаш никакви проблеми со мрзнење и  телефонот да ти фуче, пиши ќе ти кажам како доколку не знаеш, лесно е.
« Последно менување: 04 Ноември 2016, 14:39:10 pm Allexxander »