Еве да пријавам дека не ми се свиѓа како работи телефонот откако го пребацив од 8.3 на 9.2.
Поспоро работи, се приметуваат повремени лагови при транзиција на екраните итн.
Не ми се свиѓа какви ги направија апликациите за Подкасти и за Музика.
Од аспект на стабилност, не сум забележал разлика ни кон подобро, ни кон полошо.
Би сакал да постои можноста да изберам кои ствари кои доаѓаат во пакет со иОС би сакал да ги инсталирам. На пример, комплетно ми се непотребни CarPlay, Apple Music, Apple Watch, News итн, и би сакал да можам да ги тргнам. Не знам дали со џејлбрејк може да се тргнат, аналогно како што со рутирање на Андроид телефон, можеш да го тргнеш блоутверот од Самсунг, ХТЦ или кој и да е производител.