Контролер за полнење. Најчесто се оправа за 2-3 минути али треба да се отвори и да се дувне малку.
Поради тоа што е во прашање 4 години стар уред, што е многу за ваков тип технологија која ја работиме по 10-15 часа на ден, ја малтретираме со апликации кои бараат перформанси појаки од нашите компјутери, ги изложуваме на секакви надворешни влијанија и непогоди, глобална дијагноза неможам да кажам додека не заменам дел. Има премногу потрошни материјали во мобилните телефони каде од батерија до конектор за полнење, 3 контролери за полнење па се до конекторот кај што се уштекува флетот со конекторот за полнење и неколку резистори околу него за исправување и контролирање на напонот каде парарелно исто така имаме конектор за батеријата и пред него има уште неколку резистори, капси, контролери и кондензатори за исправување, напојување, инвертирање на струјата и може дури и мала оксидација/кондензација да направи проблем па се до повисок или понизок напон да оштети дел, но сепак да е делумно функционален.
Сум имал дури и случаеви да сменам батерија и да се однесува исто уредот, пробувам со трета батерија уредот и уредот да почне да функционира нормално, едноставно не ја сакал батеријата а истата таа батерија да работи перфектно на сите останати уреди, тој проблем го имам и со полначи, сум го имал проблемот и со екрани и тоа посебно со оригинални екрани да не работи на одреден телефон а истиот тој уред со неоригинален екран работи (ослабната електроника и не дава правилно струја кон диодите каде треба да се инвертира од 3.8 на 16 волти).
Членот беше денес кај мене на работа, се договоривме со "мој термин" си го велам јас тој сервис, затоа што сите разбираме дека денес мобилните телефони се потреба како и автомобилите и уште многу уреди што ги користиме за работа и секојдневните прилики во нашиот живот, да така во иднина можете и на форум да ми пишувате или на мобилен телефон за закажување, во принцип сум доста флексибилен дури и утрото пред 13ч да закажете за афтерворк помеѓу 16 и 20ч термини.
Како и да е, моја препорака е секогаш прво да се консултирате на форумите со поискусните пред да губите залудно време со форматирање, чистење конектор итн, истиов совет дури и на колеги им го давам затоа што често се случува да се направи и поголема штета во некои области доколку сами си ги отварате/сервисирате уредите.