my 2 cents од Галакси с7 на ајфон се. Нема да ја коментирам големината зошто тоа беше и примарна прична за купување ама тоа е субјективно. Ми требаше кратко време да се навикнам од андроид на иос. Она што најмногу ми се допаѓа е што јузерот нема пристап до беспотребни информации како РАМ меморија, дали на батеријата и треба оптимизирање, дали треба бришење на кеш.
Скајп го користам често и далеку подобро работи за разлика од андроид. Телефонот не се грее, камерата работи перфектно, звук и микрофон топ. Да не посакаш на андроид да смениш камера од предна на задна дур збориш на Скајп. Џабе одлична камера кај самсунгот кога на скајп е 240п. Некогаш работи некогаш не.
Самсунгот беше со 32гб и веќе после 14 месеци користење бев при крај со меморија. Затоа сега со 128гб нема да се замарам минимум 2 години.
Што ми недостига? Нема лед светло за пропуштени повици/пораки итн. и нема always on display што е одлично функционира кај самсунгот.