Друже, еве вака искрено да кажам, до 6s беа играчки и кибрити и јас не ги сакав многу, со хардвер кој не си ја правдаше цената, со 6s направија посериозен напредок, убава изработка и лично дизајнерско тело, ставија хардвер и компоненти кои стварно вредат, дупло рам, подобар процесор, подобра графичка, 3д тач кој и те како по мене е корисен, подобра камера итн... Да не збориме за софтверот кој не е совршен но е многу блиску, затоа што многу е едноставно, има огромен тим кој создава софтвер за ЕДЕН хардвер. И полесно им е да го средат, насочени се максимално и се одговорни.
Корисничка поддршка перфектна, се пријавува проблем, истиот се решава за 5 дена, се пријавило дека со џеилбрејк се нарушиле некои безбедносни работи епл реагира одма со security update за 2 дена, кога излегува апдејт стига инстантно во истиот момент на сите корисници во светот. Кај самсунг чекаш 5 месеци па тек после добиваат апдејт во Полска а во Македонија по 6-7. Си има многу предности кои на некого му значат на некого можда не. Некој може да го користи некој не. Или го сакаш или не го сакаш. Но не може да се каже дека е ѓубре. Мислам смешно е. Моментално 6s/6s+ е најдобар и најбрз уред во светот

И тоа не може никој да го оспори.
Тебе можеби, не само тебе на повеќето, s7 edge ти изгледа како посериозно парче поради екранот, камерата, вака ако го гледаш како целина но според мене телефон не е камера и дисплеј, најважен е софтверот а епл токму тука прави партал. Епа и софтверот си кошта. Јас пре би платил за добар, оптмизиран и флуиден софтвер него за добар екран или камера рецимо. Поважна улога ми игра. Едноставен интерфејс да, но тоа си носи и предности. Некој можеби не го сака што е така едноставен и ќе го разберам.
Маани на ајфонот кои можам да ги издвојам се, екранот, може да биде поостар иако IPS мене ми е попријатен како екран, поприроден и подобар на дневна/сончева светлина, малку е лизгав кога е без маска, као риба у рака да држиш на моменти, камерата да се подобри уште малце и ситни софтверски работи како на пример што нема селулар он/офф преку контрол центар и слично. И слабата можност за кастомизација која пак се решава со џеилбрејк. Но зборам за нормални корисници кои не ни знаат дека тоа постои.