iPhone само заради софтверот и како е телефонот оптимизиран. За друго ништо.
Колку е добра таа отворена политика на Android толку и лоша.
Некако Android-от, последнава година дена стана хаос. Не ми се допаѓа воопшто тоа.
Разговарав со еден девелопер што работи во Холандија. Вика, да знаеш само што се не правиме да ги заобиколиме процесите за прекинување на апликацијата, за постојано да те малтретира со пораки, апдејти, реклами и што ти не.
Тоа не ми се допаѓа. Ми троши батерија и ме ограничува да можам навистина да уживам во телефонот.