Ај и јас нешто да пишам.
Користам ајфон од кога можев да си го дозволам. Од тогаш па до денес не можам да си замислам да користам друг телефон.
Можи во иднина некоја Нокија со windows.
Читам овде многу луѓе не го сакаат ајфонот заради тоа што неможел да се кастомизира (да се чачка).
Јас на мојот ајфон ако нема џеилбрејк не снимам нов софтвер. Со џеилбрејк си правам што сакам со телефонот. Еден милион твикови за кастимазиција.
Така да кој сака има и тоа бааѓи за чепкање.
Купив исто така нов Самсунг (некој) поскап модел со андроид.
Се окозив за да снимам блек маркет. Па после за да му ставам кастом ром, требаше да исчитам 3 докторати на некои хакери, како се прави тоа.
Целта ми беше да му дозволам на телефонот да снима апликации на картица, не на телефон. Не успеав. Се откажав.
По цело тоа искуство незнам зошто ги викате андроидиве дека се отворени системи? Затворен е и тоа гадно затворен.
Ајтунс е одлична алатка за ставање на се и сешто во телефонот. Покрај тоа открив дека ајтунс можи да се користи и за слушање музика и тоа го прави многу добро.
И јас не го сакав ајтунс многу, ама го засакав.
Кој не го сака ајтунс, можи комотно да го заобиколи. Нема потреба од него за користење на ајфон.
Јас уште не прочитав овде релевантни причини зошто на некој не му се допаѓа ios ? Што мана има iOS во споредба со андроид. (тоа со иконите дека се шарени е детски муабет) ?
Ако има некој конкретно, нека пиши. Радо би го прочитал тоа.
btw 3Gs от после незнам колку години користење се уште си лета како нов да е. 600мхз процесор има..
