Направени 4249 км за многу кратко време (до Скопје и назад, преку Љубљана)...
Направен сервис:
Сменети масло, филтер за масло и предни плочки. Филтерот и маслото ги нарачав онлајн у Германија, а плочките немаше да ми стигнат на време, па се купени Ashika од Солид во Скопје.
Имам пофални зборови за маслото што го користев претходно - ELF 900 NF Full Synthetic, пошто издржа нешто повеќе отколку што требаше, а за Мотулов ќе видиме како ќе се покаже.
Интересно што на прошлиот филтер (MANN), кој го купив во Мега Ауто Партс, пишуваше Made in Germany, додека на новиот, купен во Германија, пишува Made in BA (Bosnia & Herzegovina).
По се' изглеа дека немаше потреба да ги мењам плочките, меѓутоа чисто онака, превентивно, ги сменив. Задните ги оставив фабрички.
Вака изгледаат предните плочки после 71235 поминати км:
Имаат уште доста „месо“ на нив.
Да прашам, дали е нормално да се испрљаат бандажите додека да се „разгазат“ новите плочки?
Успут, би сакал да му се заблагодарам на Перо (Авто Сервис „ПРЦ“ - Кучевишка Бара), кој ми заврши ненормално голема услуга и ми излезе во пресрет за правењето сервис, во недела.