Во изминатиов период, сер Лансерот (конечно) виде малу поќе возење, и тоа троа поднатоварен, за потребите на нашата селидба.
Првин беше извозена тура до Љубљана и назад до Скопје (27 и 28 март), со цел да се однесат некои работи на привремено чување кај наши пријатели таму.
Колата беше поприлично товарена насекаде, освен на предните седишта, каде што бев јас со моите 110 кг, и другар ми Бојан, со неговите 90ина.
Кровниот куфер беше замашно товарен со делови од мебел, додека задната клупа и багажникот беа товарени со потребштини за по дома.
Натаму се возеше со брзини помеѓу 95 и 110 км/ч, додека на враќање помеѓу 110 и 130 км/ч.
Беа поминати 2029 километри, од кои 1761 на турата до Љубљана и уште 268 км низ Скопје, при што беа потрошени 199.5 литри плин.
Тоа ќе му дојде просек од 9.83 л/100 км.
Потоа, како втор дел од нашата селидба, беше возено од Скопје до Дулмен (Германија) со преспивање во Љубљана.
Овој пат, колата беше повторно поприлично товарена, со кровен куфер и гепек наполнети до врв; бебе, куче и пар ранци и торбици на задната клупа, торбица пред совозачко седиште и точак на кров. На предни седишта, јас со моите 110 кг, и невестата со нејзините 60ина кг. Се возеше со брзина помеѓу 100 и 110 км/ч, со исклучок на делницата од Загреб до Љубљана, кога возев со ~80 км/ч поради силен бочен ветер, кој не влијаеше поволно на куферот и точакот на кров. Од Љубљана до Дулмен се возеше со брзини помеѓу 90 и 115 км/ч.
Беа поминати 2112 км, од кои 1920 на плин, при што беа потрошени 143 литри плин.
Просекот вели 7.44 л/100 км.
Поминати беа 192 км на бензин, за кои немам појма колку е просечната потрошувачка.
Јас сум исклучително задоволен од возилото и начинот на кој се справи со тешките тури, особено кога ќе се земе предвид под какво оптоварување беше. И покрај се', постигнати се просеци кои морав да ги пресметам по неколку пати за да се уверам дека се точни, пошто очекував да бидат драстично повисоки бројките. Навистина ќе ми биде жал кога ќе треба да го продавам количево
За крај, да пуштам пар поздрави...
Поглед од дневна:
Bis später!