15% царина и 18% ДДВ, ама немаше да ги платиш на таа мала сума. Фактурата што ќе ти ја испратат дечките погоре од линкот е со сумата без поштарина, а таа сума е помала од 45 евра. И не е правило дека секогаш ќе те царинат. Јас кога го купував, самиот се заебав. Ме прашаа колку пари кошта и јас наиевно им кажав 99 фунти, мислејќи да не ме тестираат. Фино лепо ме царинеа + ДДВ на 99 фунти. Да кажев 50 ќе платев царина и ДДВ на 50...
Како и да е, дури и да платиш царина и данок, ќе ти излезеше бар 1000 денари поефтино. И најбитно знаеш дека е оригинал...
Успут, само ми ги потврди моите негативни искуства од Курнер. К*р што нешто некад ќе им купам освен ако ми треба најмногу, а го нема никаде во светот. И јас како тебе културно ги изнапљукав и тоа внатре пред муштерии. Им барав 2 комплети(4 парчиња) гуми зимски гуми, 1 комплет летни, 2 предни гуми зимски, 2 комплети бандажи ОЗ и потпирач за рака. Два пати им се јавува и им оставав телефон за контакт и никој не ми се јави да ми даде понуда со цена и рок. На еден лош работен ден, поминував од таму и тоа беше одлична прилика да ги изнапукам дневните фрустрации и нервози. Ги прашав дали се заебаваат со мене или има некаков проблем што не сакаат да ми продадат производи кои наводно треба да ги имаат на лагер и да ми дадат понуда за други кои наводно можат да ги донесат. И знаеш она правдање, ама како не, ние све за вас. Му викам колку пати треба да се јавам и овде да дојдам за да добијам понуда? Ако не ви значат моите 2000 евра бидете доблесни бар да кажете да не ви го ебам денот и раатот. И така...Верувам за брзо ќе пропаднат со нивната услуга и нашиот куповен менталитет.