Автор Тема: Mazda 6 iskustva  (Прочитано 9231 пати)

Отсутен Lucca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Mazda 6 iskustva
« на: 18 Декември 2015, 16:35:12 pm »
Mazda 6 od 2003-05 2.0 turbo diesel. Pozitivni i negativni iskustva ve molam!

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #1 на: 18 Декември 2015, 17:02:35 pm »
Kontaktiraj go clenot Gojdo on imase mazda od 2005 ama benzinec+lpg ke ti kaze najubavo  ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг:
« Одговори #2 на: 18 Декември 2015, 17:12:39 pm »
Можда подобро некој што го имал моторот да информира. Од Мондео е тој мотор, или?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #3 на: 18 Декември 2015, 17:16:33 pm »
Некој спомна дека многу гризела ламела.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #4 на: 18 Декември 2015, 17:43:44 pm »
Не гризе ламела туку јаде замаец и јаде мењачи, збориме за дизелашите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #5 на: 18 Декември 2015, 17:47:04 pm »
Речиси сите дизели ја имаат таа мака.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #6 на: 18 Декември 2015, 17:54:32 pm »
Подобро земи си бензинец од таа генерација (фејслифт).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #7 на: 18 Декември 2015, 18:05:09 pm »
Незнам зошто ама во глобала сите коментираат без да осетиле на своја кожа за возило што само го виделе или чуле муабет/

Јас го поседувам истото возило 2005 2.0 136 ПС веке 2 години и некои си 43 000 км.
Ја купив сам од швајцарија од прв сопственик со највисоко ниво на опрема( кожа, ксенон фабрички, вебасто, навигација, греачи на сите седшта, босе со 8 звучници и тн и тн)
Многу поважни и повеке се осекаат њутн метрите во ова возило кои ги има 320 од документ ама делува како многу повеке да се во реалност.
Дали така е подесен моторот во комбинација со мењачот но моторот е реално многу силен и многу брз.
Возилото е комфорно, економично при нормална експлотација на долг пат а и во град, мене до сега не ми поминало повеке од 8 литри во зима низ град со вебасто од 15 за 8 вклучено пред да излезам за работа.

Многу стереотипи важат дека јапонските возила особено дизел не се добри, но јас се уверив во спротивното поради тоа што преминав од јапонец бензинец на ова возило.

Деловите се сосема со исти цени како сите други европски возила.

Нека не ме убедува никој затоа што работам со автоделови дека Ауди или Гољф со 130 коња не ги менува вариабилните замајци на 200 000.
Има зошто е тоа така и технологијата за сите е иста, и ист е производителот на замаецот.

Мој совет, земи си од тука кола или од швајцарија или италија заради коризијата од средствата што се користат во другите земји.
Јас цела Македонија и Бугарија ја превртев најдов се само коли не, за 2500 евра со 500 000 км.
Гледај да биде точно овој мотор, се после него е со ДПФ.

Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #8 на: 18 Декември 2015, 18:20:35 pm »
Проблем е со преносот пошто е краток и затоа така осеќаш дека има 600њм а не 320 и баш затоа јаде мењачи. Роднина имаше мазда и беше прв газда па го изеде дефектот на 120000 км и го кошташе 1300 еур поправката.

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #9 на: 18 Декември 2015, 18:26:30 pm »
Проблем е со преносот пошто е краток и затоа така осеќаш дека има 600њм а не 320 и баш затоа јаде мењачи. Роднина имаше мазда и беше прв газда па го изеде дефектот на 120000 км и го кошташе 1300 еур поправката.
Ете го муабетот роднина, другар, пријател, комшијата , золвата на братучедот.

Де објасни ми постручно што е тоа што го јаде мењачот, т.е како ?
Еве јас сум машински инженер па до сега не сум сретнал објаснување вакво за ниедна кола.
Се додека го возиш било кое возило и го одржуваш како што треба не би требало да има поголем проблем.
Ако сакаш да штедиш а да возиш брза и убава кола тогаш секоја ке го 'изеде' мењачот,
море и тебе ке те изеде жив :D
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #10 на: 19 Декември 2015, 12:36:32 pm »
Се имам кратко возено и страшно е брза и страшно потентна на многу ниски обртаи.

Отсутен alekohrid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #11 на: 19 Декември 2015, 23:38:46 pm »
другар има 2.0 е сеа не знам дали е 120 или 130 кс ама знам дека му префрла ребрастиот каиш, смена цел сет и ништо па исто а исто ни на мајстор незнаат што е проблемот.. а инаку моторот е економичен и ооооосетно брз

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Mazda 6 iskustva
« Одговори #12 на: 19 Декември 2015, 23:50:57 pm »
Членот isutarov возеше мазда 6 подолго време. @isutarov

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #13 на: 12 Јануари 2016, 04:09:09 am »
Фантастично возило! Многу стабилно, управливо и удобно за возење! Одлично сработено со квалитетни материјали и добро осмислено, речиси и нема фалинки, а тие кои ги има се минорни за да се спомнуваат. Го купив половно од прв сопственик во МК со 40kKm, му свртев 70kKm и му го продадов на член од форумв, Viktor, кој сеуште го поседува. Освен редовен сервис, променети му беа само свеќици и кабли што е нормално со оглед на тоа дека е на плин и десен држач за мотор.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Mazda 6 iskustva
« Одговори #14 на: 26 Септември 2016, 18:46:13 pm »
Фантастично возило! Многу стабилно, управливо и удобно за возење! Одлично сработено со квалитетни материјали и добро осмислено, речиси и нема фалинки, а тие кои ги има се минорни за да се спомнуваат. Го купив половно од прв сопственик во МК со 40kKm, му свртев 70kKm и му го продадов на член од форумв, Viktor, кој сеуште го поседува. Освен редовен сервис, променети му беа само свеќици и кабли што е нормално со оглед на тоа дека е на плин и десен држач за мотор.
Гојдо? Твојата беше MAZDA 6 2.0 16V? Таква гледам да увезам има една со 76к км 2002 со Еуро 4, па сакав да прашам за моторот дали е истиот како твојот? Не знам ништо за тој мотор... Али сепак мислам дека 75к се ништо за таква кола... И ќе си ставам плин бидејќи без плин не планирам да ја возам :) цел живот сум на плин, не движам ја по 20 км месечно па да ја цепам на бензин со утеха како некои „плинот го суши моторот, не е добар за него“ :)