Незнам зошто ама во глобала сите коментираат без да осетиле на своја кожа за возило што само го виделе или чуле муабет/
Јас го поседувам истото возило 2005 2.0 136 ПС веке 2 години и некои си 43 000 км.
Ја купив сам од швајцарија од прв сопственик со највисоко ниво на опрема( кожа, ксенон фабрички, вебасто, навигација, греачи на сите седшта, босе со 8 звучници и тн и тн)
Многу поважни и повеке се осекаат њутн метрите во ова возило кои ги има 320 од документ ама делува како многу повеке да се во реалност.
Дали така е подесен моторот во комбинација со мењачот но моторот е реално многу силен и многу брз.
Возилото е комфорно, економично при нормална експлотација на долг пат а и во град, мене до сега не ми поминало повеке од 8 литри во зима низ град со вебасто од 15 за 8 вклучено пред да излезам за работа.
Многу стереотипи важат дека јапонските возила особено дизел не се добри, но јас се уверив во спротивното поради тоа што преминав од јапонец бензинец на ова возило.
Деловите се сосема со исти цени како сите други европски возила.
Нека не ме убедува никој затоа што работам со автоделови дека Ауди или Гољф со 130 коња не ги менува вариабилните замајци на 200 000.
Има зошто е тоа така и технологијата за сите е иста, и ист е производителот на замаецот.
Мој совет, земи си од тука кола или од швајцарија или италија заради коризијата од средствата што се користат во другите земји.
Јас цела Македонија и Бугарија ја превртев најдов се само коли не, за 2500 евра со 500 000 км.
Гледај да биде точно овој мотор, се после него е со ДПФ.