Автор Тема: CARclub Тест: Seat Ibiza 1.2 TSI  (Прочитано 6110 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: CARclub Тест: Seat Ibiza 1.2 TSI
« Одговори #15 на: 18 Декември 2015, 14:34:37 pm »
Се прави муабет за косалица и не ми е битно меѓузабрзувањето, за минимална разлика не ми се доплаќа за да има турбо и во иднина да ми биде скапо одржувањето.

Пр. да беше 1.2 турбо со едно 150-160кс да се прави муабет.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Seat Ibiza 1.2 TSI
« Одговори #16 на: 18 Декември 2015, 14:50:11 pm »
Јас можам само да споделам лично искуство што го имам осетено на возила што ги имам возено:

Шкода Октавија 1.2 ТСИ (105кс) со ДСГ менувач
Форд Фиеста 1.4 Атмосферец со (96кс) и рачен менувач.
Форд Фиеста 1.0 Екобуст со (100кс) и PowerShift менувач

Иако Октавијата е значително потешка и поголема кола од Фиестата, неможе да се спореди ни од близу со атмосферецот во Фиеста. Го шамара во секој аспект. Стартност, меѓузабрзувања, еластичност. Во полза на 1.2 ТСИ. Можеби целиот впечаток го прави DSG менувачот кој на kick-down на папучата за гас враќа 2 степени подолу за неполна секунда и возилото влече како магаре, ама целокупното искуство и филингот не се споредува со Атмосферецот.

За споредбата на Фиестите со 1.4 атмосферец и 1.0 Екобуст, нема што да додадам. Екобуст моторот во Фиеста е SВЕР. Буквално ја превртува колата кога ќе му натепаш гас до даска. Атмосферецот е смешен во однос на ЕкоБуст моторот.

Кога јас би купувал возило сега и изборот би ми бил помеѓу горе споменатите три, атмосферецот ќе го заобиоклам. Го шкртам.

Инаку приватно возам Фиеста 1.4 Атмосферец и за потребите што ги имам ми е ок. Не најдобра. Ама ок.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Seat Ibiza 1.2 TSI
« Одговори #17 на: 18 Декември 2015, 15:08:16 pm »
Многу сакам да пробам Golf 7 1.4 TSI 140 со деактивација на цилиндри. Има еден-два продадено во Скопјево и се надевам дека ќе имам можност да пробам.

Интересен нов модел е Голф 1.2 ТСИ со 110 коња - вика 9.9 до 100.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Seat Ibiza 1.2 TSI
« Одговори #18 на: 18 Декември 2015, 15:16:56 pm »
ТСИ 105/110кс ич не го носат во поло/ибица/рапид нажалост. Ем иде со 6 брзини ем порастеретен, ем полесно возило. Многу ветува ама јок. Исто како екобустот 1.0 120кс што не го донесоа во фиеста/фокус. :(

Во рапид додуше имаат убацено и 1.6 110кс кој ќе е веројатно попродаван од турбашиве заради плинот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: CARclub Тест: Seat Ibiza 1.2 TSI
« Одговори #19 на: 18 Декември 2015, 15:54:59 pm »
како е со простор за возач/совозач во однос на преходната(трета) генерација на Ибица?поголема е?