Поентата ми беше дека доста модели од хонда, се посупериорни од еквивалентните модели на опел (пример астра и цивик). Можно е да е само мое мислење бидејќи татко ми сакаше да купи астра и јас му реков дека лично ќе му ја заебам во рок од <1 година. А смешно ми е кога ќе видам како опелџииве низ градов се утепаа од мачење како да поминат интегра, и кога конечно му успеа тоа на нашиот член мато, јавно беше истакнато на фејсбук со голема доза на радост. Лично не сум присуствувал на тие трки и незнам што се случувало, ама мислењето што го добив е погоре изнесеното. Инаку не мразам опел, дури има модели кои би сакал да си ги имам.