А година подоцна со астра класик опел ќе го има најпродаваниот модел неколку години кај нас. Дури и по излавањето на новата астра ако не си знаел класикот ќе биде најпродаван со сега калкулирам одамна имам читано но и со повеќе од 800 возила од вкупно околу 10000 продадени нови возила во македонија.
Модел на кој тешко може да се најде замерка. Па дури ни куоре кој е најголем плукач по опел мислам дека не би се осмелил да каже нешто против овој модел.
Апсолутно се согласувам. Иако презентираш статистика за наше тржиште, тоа не ја намалува вредноста на овој Опел. Како и да е, тоа не е показател за технолошката напредност на бензинците на Опел, во однос на оние на Хонда, што уствари беше главната полемика заради која почна целиов муабет. Исто така, би потенцирал дека кај нас и во Хрватска (за другиве балканци не знам), Опел ужива огромна популарност.
Се лигушеа за дизели, се лигушеа за турбо... Ја укинаа NSX, ја укинаа Прелуд, Ја укинаа Интеграта, ја укинаа ЦРХ... Што остана од Хонда? Цивик!? Абе бегај таму.
Опел треба да претстави одговор на Инсајт. Ако зборуваме за поактуелни работи. А гледам дека доаѓа (Ултра скап хибрид, а може и не) од Опел.
Тажно нели?
Комплетно ја сменија филозофијата и тотално се преориентираа кон хипи-возила. Што се однесува до Инсајтот, иако ми е одвратен и не можам да го поднесам, сепак е најдостапен хибрид, па аналогно на тоа, сите производители би требало да произлезат со свои одговори за него, не само Опел.