Автор Тема: Проблеми со CITROEN BERLINGO  (Прочитано 2835 пати)

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Проблеми со CITROEN BERLINGO
« на: 01 Декември 2015, 13:11:06 pm »
Почитувани форумџии,
Јас сум сопственик на Берлинго 1.4 од 2006год. со вграден плин Ландирензо и веќе почнуваат одредени проблеми да се покажуваат.На овој начин би сакал да разменуваме искуства во начинот на отстранување на исти или слични проблеми. Па да почнам со еден од проблемите. Имено наутро при прво палење, на бензин, колата работи како некој друг да и додава и одзема гас  ;D сама од себе зголемува и намалува  вртежи (обртаи), се додека не префрли на плин. Исто сум приметил дека при ваков начин на работа, светлата се намалуваат и појачуваат во зависност од  вртежите на моторот.
Втор проблем ми се светлата, имам автоматски дневни светла, со кој имам само БЛЕНДА, а кога сакам да имам ДОЛГО светло на подолг период, треба на рачката за светла да пуштам СРЕДНО. Е баш сега почиња проблемот :'( Светлата сами од себе се менуваат од средно во позиција и обратно, инструмент таблата час е осветлена час е темна, долго светло не може да се фиксира со повлекување на рачката, туку треба да се држи цело време. Да ви кажам ова најмногу ме нервира на отворен пат.
Ве молам, сите овде присутни, за совет, околу чекорите кои треба да ги превземам, за да ги решам проблемите.
Со почит Боби

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3989
  • MadaFunker
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #1 на: 01 Декември 2015, 13:44:21 pm »
Боби си посетил некој авто електричар со проблемиве?
Пиши од кај си  да знајме да ти препорачаме некој.
New blood of old school

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #2 на: 01 Декември 2015, 13:45:43 pm »
Ве молам, сите овде присутни, за совет, околу чекорите кои треба да ги превземам, за да ги решам проблемите.
Купи си друго возило! Јас на твое место, не би француско... :D

За првото прашање, пробај исчисти го маф/мап сензорот. За второто, носи ја колата на електричар...Контактирај го Google од форумов, мислам дека е најкомпететен.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #3 на: 01 Декември 2015, 13:59:11 pm »
За првиот проблем, можеби имаш нечиста клапна. Тоа веројатно можеш лесно да го исчистиш со спрејче за чистење карбуратори и/или клапни кое најчесто се наоѓа по поголемиве бензински.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #4 на: 01 Декември 2015, 14:00:32 pm »
Ако е клапната, би требало да го зафркава и на плин...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #5 на: 01 Декември 2015, 14:41:32 pm »
Од Скопје сум. Да ви кажам право не знам ниту клапна што е ниту сензор за незна што  ;D. Кажувајте тоа сервисите за дијагностика. А право да ви кажам размислувам за нова :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #6 на: 01 Декември 2015, 21:02:14 pm »
од кај си поточно од скопје? населба... ако си лисиче-аеродром-до железничка, има 2-ца тука.. ама пиши прво...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #7 на: 01 Декември 2015, 22:30:25 pm »
Прво дијагностика па после чистења и остали срања.
Инаку ракетата е мислам проблем кај 90% од случаите како кај тебе со светлата.
Позната маана на цитроен возилата.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #8 на: 02 Декември 2015, 09:04:50 am »
Што е тоа МАФ/МАП сензор? Каде се наоѓа? Еднаш имам сменето сонда која се наоѓа на горниот дел од издувната грана. Имам слушнато дека ако откачам клемите од акумулаторот на подолго време, фабричкиот компјутер ке се реситирал на фабрички зададените параметри, па да ве прашам има ли вистина во ова? Со колата имам поминато 120 000 км. а плин монтирав на 15 000 км. во меѓувреме редовно ја одржувам, мењам масло на 10 000 км. комплет со сите филтри, вкључително и двата филтра за плин( мал и голем ).Филтерот за бензин го имам сменето само два пати, дали може тој да зафркава? Јас лично имам чуство дека струјата зафркава, на моменти ко да има прекин, а можеби е и до бензинот?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #9 на: 02 Декември 2015, 10:30:29 am »
со клемите тоа е точно... пробај.. ама ако не успееш, следен чекор е да идеш на мајстор.. немој сам... поготово како што те читам и прашуваш што е тоа мап сензор и кај се наоѓа... поарно не чепкај сам ништо...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #10 на: 02 Декември 2015, 11:16:19 am »
 ;D Фала во секој случај ке морам да дадам некој денар по мајстори ;D ама епен сум циција па мислев дека со поглед на тоа сензорот ке се оправи  ;D фала во секој случај

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #11 на: 07 Декември 2015, 22:56:28 pm »
Почитувани форумџии,
Јас сум сопственик на Берлинго 1.4 од 2006год. со вграден плин Ландирензо и веќе почнуваат одредени проблеми да се покажуваат.На овој начин би сакал да разменуваме искуства во начинот на отстранување на исти или слични проблеми. Па да почнам со еден од проблемите. Имено наутро при прво палење, на бензин, колата работи како некој друг да и додава и одзема гас  ;D сама од себе зголемува и намалува  вртежи (обртаи), се додека не префрли на плин. Исто сум приметил дека при ваков начин на работа, светлата се намалуваат и појачуваат во зависност од  вртежите на моторот.
Втор проблем ми се светлата, имам автоматски дневни светла, со кој имам само БЛЕНДА, а кога сакам да имам ДОЛГО светло на подолг период, треба на рачката за светла да пуштам СРЕДНО. Е баш сега почиња проблемот :'( Светлата сами од себе се менуваат од средно во позиција и обратно, инструмент таблата час е осветлена час е темна, долго светло не може да се фиксира со повлекување на рачката, туку треба да се држи цело време. Да ви кажам ова најмногу ме нервира на отворен пат.
Ве молам, сите овде присутни, за совет, околу чекорите кои треба да ги превземам, за да ги решам проблемите.
Со почит Боби
Во врска со светлата, проблемот ти е до ракетата, тоа е слаба точка на пежо 206, партнер, цитроен берлинго,..
Во врскса со проблемот што го имаш насабајле, пробај вози го возилото околу 100 км само на бензин, би требало да почне од ден на ден да пали се подобро... најверојатно имаш раштелувана бензинска мапа поради лошо наштелуван плин..

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3156
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Проблеми со CITROEN BERLINGO
« Одговори #12 на: 07 Декември 2015, 23:11:03 pm »
071/243-203 aleksandar i ke ti go resi problemot so elektronikata  imaku deckoto e zakon za citroen vo regionov