Здраво друштво,
на Стилцево светна сијаличката со извичник, трепка онаа за греачите и се појави порака со "Preheat fault". Претпоставувам дека се греачите.
Е сега, утрово немаше никаков проблем, сега кога се враќам накај дома излезе ова. Пред да запалам, пробав неколку пати на контакт, но излегува на секој обид. По кратко време се гасат и двете сијалички (за греачите и извичникот).
Имам неколку прашања:
Дали е изгорен греач?
Колку е опасно?
Колку ќе ме кошта замена на греачи?
Зошто сијаличките се гасат ако се изгорени?
Благодарам на времето.
едит: заборавив да напоменам, не забележав некоја разлика при палење и работење на моторот.. дали е можно да е само компјутерска грешка?