Автор Тема: Реглер - оштетени четкици  (Прочитано 2253 пати)

Отсутен Strumjan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
    • Македонска Џумла заедница
Реглер - оштетени четкици
« на: 17 Ноември 2015, 00:51:15 am »
Во саботата во 04.30 тргнав накај аеродромот. Само што појдов од семафорот кај сајмиште кон лево, се слушна едно пиштење и моето Твиги изгасна. Мртов акумулаторот. Братучетка ми со зетот се качија во такси за да го бркаат авионот, а јас си го одбуткав Твиги до паркингот карши сајмиште. Бидејќи и претходната недела го полнев акумулаторот, мислејќи дека од невозење ми се испразнил, сега ми беше јасно дека не е до него туку сигурно не се полни од некоја икс причина. Си го извадив акумулаторот и си дојдов дома за да го наполнам, па утредента да може да ја довозам колата до дома. Со полн акумулатор си запали одма и стигнав до дома. Тука унимерот во раце и ај да измерам колку волти дава алтернаторот. Покажуваше 0 (нула). Е сега, да, требало кога не полни да ми светне инфо сијаличката ама ете таа не светнуваше. Откако ја откачив, па вратив жичката за сијаличката и малку размрдав светна, ама доцна, веќе знаев дека е таму проблемот :)
И додека гледав како да му пријдам и како да го вадам алтернаторот, ми се појави најслучајно комшијата кој има Пежо 405 караван и ме распраша „што, како“. Му кажав и он ми вели: Стопосто ти е реглерот, извади го само него, ако е како на пежото се вади за 3 секунди.
Ѕирна човекот и вели: Аааа, исто е, ете овде овие два штрфа отштрафи ги и тоа е. Купи си нов и терај.
Супер, фала комши!

Значи кога ќе се крене хауба алтернаторот е одма после десниот фар и реглерот е најгоре, па навистина е лесно да го извадиш. Кога го извадив има што да видам:



едната четкица скроз рамна со пластиката.
Се мислев дали да купувам четкица од пазар, па да пробам сам да ја залемам, ама решив прво да прашам кај авто електричарот Томе, овој кај Педагошка академија што е, оти ми е најблиску, па од цената да одлучам што и како.
И сабајлето право таму, човекот ми вели: треба и двете да ги смениме оти и другата е изедена, треба да има уште толкаво делче на неа.
Цена?
Вели: 150 денари четкиците, двете заедно и 50 денари работна рака. Вкупно 200 денари.
ОК, прави ги.
Вели: почекај тука, за 10 минути се готови.
И така си добив нови четкици и обновен реглер за 200 денари.
За инфо, во Цилаз телефонски ми рекоа: реглер од 1200 до 4000 денари зависи кој тип е, да донесам да видат. Во Мотор Оил, она позади Порта Влае телефонски ми рекоа: од 600 до 1200 денари, исто зависи од типот.

Го наместив реглерот, мерам 14,45 стабилни волти.
Ете, можеби некому ќе му користи ова искуство да заштеди некој денар :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #1 на: 17 Ноември 2015, 01:42:04 am »
убаво искуство, и јас сам имам правено вака... секако во зорт... али да се знае дека не сите реглери, може да се отворат и да им се сменат четкици... има некои се така запаковани, со излиени канали едноставно,, нема да успееш да го отвориш, ако не го скршиш и трајн оштетиш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен car

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #2 на: 13 Јануари 2024, 00:10:11 am »
Здраво.Се работи за Passat Cc пред две недели е ставен нов акомулатори.Колата не ми беше запалена 5дена.Денес кога ја палев ми сигнализираше дека е заслабнат акомулаторот,и на екран го пишуваше истото колата си запали.Дали може да биде проблемот во реглерот,не би требало нов да загуби струја за 5 дена

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #3 на: 13 Јануари 2024, 01:18:54 am »
Да не ти сигнализира за лоша батерија во клучот?

Отсутен car

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #4 на: 13 Јануари 2024, 02:26:30 am »
Да не ти сигнализира за лоша батерија во клучот?
истиот сигнал го даваше со стариот акомулатор кога имав проблем

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #5 на: 13 Јануари 2024, 10:41:31 am »
Дали акумулаторот беше кодиран при промената и дали при монтажа меревте полнење со уклучени потрошувачи во лер?

Отсутен car

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #6 на: 15 Јануари 2024, 13:40:14 pm »
Дали акумулаторот беше кодиран при промената и дали при монтажа меревте полнење со уклучени потрошувачи во лер?
не е кодиран немаме мерено

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Реглер - оштетени четкици
« Одговори #7 на: 15 Јануари 2024, 16:19:28 pm »
Елиминирајте го тоа прво.