Автор Тема: Кое гориво за TSI?  (Прочитано 4880 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Кое гориво за TSI?
« на: 16 Ноември 2015, 14:50:01 pm »
Здраво дечки,

Прошлиот пат кога точев бензин, прочитав на капачето дека пишува минимум 95 октани за ТСИ мотори ?
Прочепкав по форуми и луѓе препорачуваат да се користи гориво со повеќе октани од минимумот. До сега нонстоп точам 95 октанско гориво и немам приметено ништо необично.

Што информации имате вие за овие мотори? Треба ли да се користи гориво со 98/100 октани?

Поздрав!

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #1 на: 16 Ноември 2015, 14:55:08 pm »
Vo sekoj slucaj lupaj pojako gorivo ili 100ka od Makpetrol ili od Lukoil 98ca, ja na se so imam stavam pojako gorivo i ne sum imal zijan do sega, moze ni korist ama za 2 denari od litro ne se praam cigan  :D

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #2 на: 16 Ноември 2015, 15:46:00 pm »
WorM, таму каде што си, терај со 95 не се замарај. ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #3 на: 16 Ноември 2015, 19:21:16 pm »
Vo sekoj slucaj lupaj pojako gorivo ili 100ka od Makpetrol ili od Lukoil 98ca, ja na se so imam stavam pojako gorivo i ne sum imal zijan do sega, moze ni korist ama za 2 denari od litro ne se praam cigan  :D


Прашај го FilipM на Punto Turbo што му направи 100-ката од Макпетрол :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #4 на: 16 Ноември 2015, 19:26:07 pm »
Тјунирано.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #5 на: 16 Ноември 2015, 19:36:39 pm »
Здраво дечки,

Прошлиот пат кога точев бензин, прочитав на капачето дека пишува минимум 95 октани за ТСИ мотори ?
Прочепкав по форуми и луѓе препорачуваат да се користи гориво со повеќе октани од минимумот. До сега нонстоп точам 95 октанско гориво и немам приметено ништо необично.

Што информации имате вие за овие мотори? Треба ли да се користи гориво со 98/100 октани?

Поздрав!

Не сум ТСИ, ама сум ТБИ, би ти препорачал да ја пробаш 100-ката од Супертрејд. И кај мене пишува минимум 95, ама горивава кај нас па дури и оние „појачките“ од 98/100 октани, тешко минимумот го постигнуваат...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #6 на: 16 Ноември 2015, 20:08:05 pm »
Колку што можев да разберам дечкото живее во Швицарска, така да може да пуни гориво на Шел/БП и сл.

Јас би си ставал 95ка со оглед дека е квалитетна, а поефтина од V-power/Ultimate. Одвреме навреме може да го почастиш V power да видиш дали има осетна разлика.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #7 на: 16 Ноември 2015, 20:09:11 pm »
Повеќе октани не значи поквалитетно гориво!!!

На твоето возило треба да му точиш 95+ октанско гориво! Но она кое е битно е да по калорично, да има помало присуството на алкохоли, вода и други адитиви.

ЕДИТ: Во Швицаркса, пуни си 95-че било каде и не се замарај.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #8 на: 16 Ноември 2015, 20:17:40 pm »
Повеќе октани не значи поквалитетно гориво!!!
Затоа „поквалитетно“ е во наводници (ако ова се однесуваше на мене овој коментар)
Колку што можев да разберам дечкото живее во Швицарска, така да може да пуни гориво на Шел/БП и сл.
к
Јас би си ставал 95ка со оглед дека е квалитетна, а поефтина од V-power/Ultimate. Одвреме навреме може да го почастиш V power да видиш дали има осетна разлика.

Ако живее во Швицарска, полесно ќе преживее со квалитетот на горивата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #9 на: 16 Ноември 2015, 21:34:36 pm »
Симо, ме интересира од каде 98 безоловен на Супертрејд испадна 100ка?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #10 на: 16 Ноември 2015, 21:45:09 pm »
На пумпите има 95-ка и 100-ка. Ако е навистина од шел, тогаш 100-ката од Shell Coral грција е V-Power (Racing), а 95 е веројатно Shell FuelSave. За жал, не чувам фискална за да ти покажам дека е 100-ка наплатено.
« Последно менување: 16 Ноември 2015, 21:52:48 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #11 на: 16 Ноември 2015, 21:54:57 pm »
Колку што се сеќавам последен пат кога полнев од таму на пумпите пишуваше дека е 98. Да би било 100 октана мислам дека би се фалеле со огромни знаци дека е 100 октана. Како што од МП не пишува дека е 100 октана туку само е крстено Ултра 100. Тоа Ултра 100 можат и плинот да го крстат, па ништо не би значело.

Не знам која би била логиката на нашиве да купуваат поскапо гориво, а да го продаваат за поефтина цена, или за иста цена на која конкурентот, пример Окта, продава поефтино 98 октанско гориво.

Иначе според документот на МП, 100ката нивна ако ја рачунаме по општо прифатената равенка (рон+мон) /2 испаѓа дека е 95 октани. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #12 на: 16 Ноември 2015, 22:08:53 pm »
Наскоро ќе полнам пак, ќе сликнам што пишува и на пумпата и на сметката. 100% сум сигурен дека пишува 100. Мојата кола го сака исто како и германскиот Shell. Се` дур е така, и дури на другиве пумпи точат ѓубре, јас ќе ги фалам Супертрејд. Еве пред некое време што сликав на Супертрејд:




Малку зум и аншарп маск:




Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #13 на: 16 Ноември 2015, 22:42:31 pm »
Повеќе октани не значи поквалитетно гориво!!!
Затоа „поквалитетно“ е во наводници (ако ова се однесуваше на мене овој коментар)
Не е поквалитетно во наводници туку појакичко! Коментарот се однесува на сите кои мислат дека јачината и/или квалитетот на горивото се мери со октани!
Октаните немаат допирна точка со јачина и со квалитет.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Кое гориво за TSI?
« Одговори #14 на: 16 Ноември 2015, 22:51:54 pm »
Не е спорно дека е од Грција и најверојатно има врска со Шел, али тоа не значи дека е со истиот стандард, октански број, квалитет и слично. И повторно, како е можно V-power 100 што во Грција се продава пример за 1.70-80 литар тука да се продава за скоро дупло поефтино, а да е набавено од таму?