А-класа за тие пари нема. Односно, можеби и ќе најдеш, ама нема да сакаш да ја купиш.
Меган.. Ако се стрпиш за новиот да стигне. Ако купиш сега меган, за месец дена ќе возиш „стара“ кола. А ете, и самиот кажуваш дека нема во салон.
Јас би бирал меѓу Леонот и Октавијата - и изборот би се свел на тоа што ти треба тебе. Ако ти треба варијанта за практичност и простор, Октавијата. Ако сакаш повеќе дизајн и не ти треба толку простор, Леонот.
Јас би го земал Леонот.