Дојде ред да го претставам моето количе.
Opel Corsa D произведена 2008, купена Јануари 2009 во Македонија. Јас сум втор газда, ја купив во Март оваа година. Ja купив со 51.000km, сега има околу 58.000km.
Мотор - 1.2 (1229cc), I4, 16V Z12XEP - 59 kW (79 hp)
Ниво на опременост - основно, електрика на прозори, електрични ретровизори, мануелна клима, ербег за возач и совозач, радио со CD, далечинско отклучување, далечинско уклучување на светла и далечинска контрола на прозори.
После месец дена одкако ја купив, инсталиран е плински уред LandiRenzo Omegas Evo во Плимонт.
Потрошувачка на плин - 9L во град, 6.5L на отворено. На бензин литар помалку во двата случаи.
Јас досега направив неколку модификации, ставив кожен волан со команди и CarPC проектот кој може да го погледнете тука -
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,18372.0.html.
Веднаш после купувањето направен е редовен сервис - филтри и масло, досега ништо вонредно немам променето. Акумулаторот беше оргиналниот и веќе ослабен кога ја купив, па беше заменет со Exide. Следно во план ми е да ги променам предните стабилизатори, осеќам некое тропкање од таму. Во Мај имав мала незгода, предниот браник е напукнат кај држачите за магленки, сеуште тоа го немам средено.
Денес беше убав сончев ден па ги ставив зимските гуми и на перење кај Бушавиот.