Автор Тема: Новиот Civic Type R со турбо мотор!  (Прочитано 9166 пати)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« на: 10 Октомври 2011, 16:41:14 pm »
И Honda полека се откажува од атмосферските бензинци и тоа онаму каде што беа најдобри, во Type R изведбите...
 
Новиот спортски Civic ќе има 2.0 литарски турбо мотор со 210 КС, кој ќе го карактеризира многу повисок вртежен момент на ниски вртежи, но нема веќе вртење на моторот над 7.000 вртежи во минута. Ова ќе придонесе подобро повлекување на излезите од свиоците, како и ултимативно подобри перформанси, односно забрзувањето до стотка за 6,5 секунди и максимална брзина од 240 km/h.

Сепак, љубителите на Honda отсекогаш сакале високи вртежи, односно цедење на моторот до црвеното поле, некаде над бројката 8.000... Потегот на Honda сепак е во склад со Euro 5 нормите, кои досегашниот атмосферски мотор не можеше да ги постигне. Згора на тоа, подоброто повлекување при ниски вртежи, значи дека моторот не мора секогаш да се цеди, па и потрошувачката ќе биде значително пониска.

Интересно, новиот Type R ќе се нуди само како изведба со пет врати, барем на почетокот. Според информациите, развојот е во завршна фаза, а во него вмешано раце има и тјунинг куќата Mugen. Според тоа, понатаму може да очекуваме и многу посилни изведби, некаде на границата од 300 КС, особено што тјунирањето на турбо моторите е многу полесно.


By rikirulz at 2011-10-10

By rikirulz at 2011-10-10

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #1 на: 10 Октомври 2011, 16:47:00 pm »
ОФФФФФФФ!! ЈА САКААААМ!!!!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #2 на: 10 Октомври 2011, 16:57:35 pm »
ОФФФФФФФ!! ЈА САКААААМ!!!!

+1

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #3 на: 10 Октомври 2011, 16:58:14 pm »
Ја корегирале грдата задница од обичната верзија :)
Верувам во хонда турбо моторите и мислам дека овој мотор ќе претставува пример за некои производители, ама ќе почекаме да видиме..  :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #4 на: 10 Октомври 2011, 17:10:28 pm »
Може една ваква за роденден да ми купите. Поготово тоа што е со 5 врати

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #5 на: 10 Октомври 2011, 17:27:38 pm »
Љубам Photoshop :)

Ќе видиме баш што ќе испадне, и дали и колку од горенаведеново ќе испадне вистинито... Honda сега за сега НЕМА официјални информации и/или фотографии (нити скици, нити рендери, нити бутур) од возилото, а богами нема ни трошка од муабетот за 2.0 турбо-бензинец. Јас лично се надевам дека се’ што е наведено во текстов ќе се оствари, арно ама, имајќи предвид дека колегите од КолиКомМк го позајмиле текстот од AutoExpress.co.uk, може да испадне тежок блам, пошто не еднаш се десило Британциве да избацат нивни рендер и нивни претпоставки, кои покасно попаѓале во вода :)

П.С. Рики, наведувај извор кога зимаш текстови!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #6 на: 10 Октомври 2011, 17:50:46 pm »
Jас мислам, дека ова ке биде... престапното нешто... каде сите што сакале како мене 1.6 160 кс, сега... стандард имаш 210 + чип ке дојде до 250 без проблем, а како што викаат Муген изведбата ке биде 300 кс :)

Пс: Не кажувам Веле :)))))

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #7 на: 10 Октомври 2011, 18:13:47 pm »
Рики, според правилата на форумот мораш да наведеш извор од каде е копирано. Така се заштитува форумот, а и тие кои го напишале текстот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #8 на: 10 Октомври 2011, 18:22:42 pm »
Се што треба е да напишеш со свои зборови, и немора да кажуваш ни од каде ни од што. Јас сум си го смислил од салон во Макпотрол ес фар ес ју ар консрнд. :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #9 на: 10 Октомври 2011, 18:30:09 pm »
Не го малтретирајте Рики еве ви го изворот
http://tocka.com.mk/index7.php?ID=51800

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #10 на: 10 Октомври 2011, 18:31:21 pm »
Не го малтретирајте Рики еве ви го изворот
http://tocka.com.mk/index7.php?ID=51800
So smooth! Nice one!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #11 на: 10 Октомври 2011, 18:43:19 pm »
 ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #12 на: 10 Октомври 2011, 18:53:16 pm »
2.0 turbo со 210кс....слабо некако,можат Јапонците и многу повеќе....предходниот модел беше 2.0 атмосферец до 190/200кс.....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #13 на: 10 Октомври 2011, 19:04:29 pm »
2.0 turbo со 210кс....слабо некако,можат Јапонците и многу повеќе....предходниот модел беше 2.0 атмосферец до 190/200кс.....
Нема да има Втек овој пат. И плус ќе има верзија со 300.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Новиот Civic Type R со турбо мотор!
« Одговори #14 на: 10 Октомври 2011, 19:11:37 pm »
Се што треба е да напишеш со свои зборови, и немора да кажуваш ни од каде ни од што. Јас сум си го смислил од салон во Макпотрол ес фар ес ју ар консрнд. :)

ДЕНИИИИИИИИИИИИИ :)))