Ги проачав од Англија. Моделот кој го купив е оној кој е фабрички вграден и препорачан. Меѓутоа, почнав да се сомневам дали се оригинал бидејќи проблемите кои се јавија зимово се по извозени околу 17~18000km со нив. Според книгата за одржување на Мазда, свеќичките се менуваат на 80000km. За среќа, Маршер ми ги чуваше оние првите фабрички вградени, кои ги сменив на 50000km. Со нив пробав да возам, возењето беше малку подобро одошто со поновите, но повторно имаше сецкање.
Со последните свеќици проблемите целосно исчезнаа, а се осеќа и разлика во возењето на при повисоки вртежи каде и немаше сецкање. Ваљда ќе тераат околу 15~20000km, значи од прилика за 1 година од сега ќе треба да ги сменам што не е страшно. Тогаш и ќе знаеме дефинитивно како ќе се покажат овие свеќици.