Автор Тема: Јонизатор за во автомобил  (Прочитано 23803 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #45 на: 10 Октомври 2011, 22:00:43 pm »
Игла за шиење...со што поостар врв. Неможеш да ја виткаш па ќе мора вертикално да ја ставиш. Морам да признам и дека тешко се леми но делот што ќе го лемиш претходно истружи го со фина турпија или шмиргла и обавезно со тинол паста залеми ја на штампаната плоча.
Можиш и со оние мали игли што ги има во кошулите. Тие полесно се виткаат и лемат но и побргу се трошат. И сите остри агли на штампанат плоча заобли ги а лемните места истружи ги..да нема испакнати краеви од изводите на елементите
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #46 на: 10 Октомври 2011, 23:50:44 pm »
Најдобро е да си земеш лансета за вадење на крв од прст од аптека или некоја лабораторија ...


Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #47 на: 11 Октомври 2011, 01:06:38 am »
Jas si nemam tri cisti od sostavuvanje na vakvo cudo..... a kako so gledam proff i djidji nemozat da go iznafalat,sigurno ima efekt.....taka da sega mnogu sakam da imam vakvo cudo
Proff odkoga ke go napravis,slikaj se ubavo kako so, pa da baram nekoj so ke znae da mi sklopi vakva rabota.....
P.S-imas sreka so si u bt,inace ke te zapnev :D
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #48 на: 11 Октомври 2011, 01:47:02 am »
Дај шема за тој дома ако имаш, јас се мислев за оној од Емитер.
Toj од емитер е посложен, а незнам колку е ефикасен. Можеби ист но неможам да кажам не сум го направил. Овој другиот е со 27 диоди и 27 кондензатори и 33Моми отпорник до јонската игла. Значи шемата што ја приложи јове е многу слична т.е. иста само што сите кондензатори се 47nF/630V - никако помал напон..можи да е поголем пр.1КV но никако помалку од 630V
http://zonaelektronika.blogspot.com/2010/08/air-ionizer.html
значи оваа шема само додај му диоди и кондензатори до 27 и трите отпорници да прават отпор од 33Моми (10+10+10+3М3)
Моjата ема беше од САМ свој мајстор пред многу многу години и во тој број имасше и прилог од значењето и користа од јонизаторот и од испитувања во болница како прилог.. и што е најважно - РАБОТИ :)
Oва е просто к'о пасуљ. Поентата на Емитер е да се користи трансформатор за да го одвоиш од градската мрежа. Ти вака го користиш на 220V? И само со една игла завршува? :)
Фала многу, ако најдам време ова ќе го направам. :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #49 на: 11 Октомври 2011, 01:53:17 am »
Koa ќе го направиш, јави се - имам јон детектор, да провериме дали функционира уредот.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #50 на: 11 Октомври 2011, 07:06:32 am »
Функционира и без јон детектор... едноставно осеќаш како дува кога ке го приближиш поблиску до тебе, а и озонот што го мирисаш е доказ плус. Да не зборам за плавата искра која прескокнува од иглата кон прстот... А ланцетата неможи да се употреби таква каква што е. Мора да се обработи да нема ниту еден остар врв освен оној напред....
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #51 на: 11 Октомври 2011, 16:33:25 pm »
Ај едно прашање имам јас правено од емитер баш ваков со кондензатори и диоди, само мислам дека не ми е на времето нај нај направен па сеа да отстранам остри точки кај лемењето и такви работи како да го испразнам чудово да не ме утепа :). Не е палено веќе неколку месеца...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #52 на: 11 Октомври 2011, 16:57:58 pm »
Ај едно прашање имам јас правено од емитер баш ваков со кондензатори и диоди, само мислам дека не ми е на времето нај нај направен па сеа да отстранам остри точки кај лемењето и такви работи како да го испразнам чудово да не ме утепа :). Не е палено веќе неколку месеца...
Краткоспои ја антената и влезовите едно со друго, со некоја жица.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #53 на: 11 Октомври 2011, 18:20:03 pm »
А бе празно е веќе, не зезај ... :D

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #54 на: 11 Октомври 2011, 22:54:16 pm »
Функционира и без јон детектор... едноставно осеќаш како дува кога ке го приближиш поблиску до тебе, а и озонот што го мирисаш е доказ плус. Да не зборам за плавата искра која прескокнува од иглата кон прстот... А ланцетата неможи да се употреби таква каква што е. Мора да се обработи да нема ниту еден остар врв освен оној напред....

Јас озон како гас не би го мирисал. Е сега дали ова ќе произведе озон како гром незнам.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Ozon

Озонот (грч. Το όζον, “да мириса”), е бледо син, високо отровен гас со силен мирис. Озонот се смета за загадувач на земјино ниво, но озонската обвивка во горните делови на атмосферата го заштитува животот на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација.

Озонот на земно ниво преставува опасност по здравјето, предизвикувајќи респираторни заболувања како бронхитис и астма. Истотака ја оштетува и вегетацијата и предизвикува гумата и некои пластики да се декопензираат.

При повисоки концнтрации, озонот е штетен по здравјето на човекот. Со осиромашување на озонската обвивка настануваат климатски промени како и зголемување на УВ зрачење. Со појава на климатски промени се јавуваат и киселите дождови при што се формира тропосферски озон кој има многу штетно влијание.

Озонот, хемиски е многу активен и станува во реакција со составните делови на воздухот формирајки секундарни соединенија. Во ноќните часови, во атмосферата на поголемите урбени средини, озонот е присутeн во незначајни количини. Започнува да се формира пред самата зора, се задржува во текот на денот, а во поголеми количини го има за време на мошне топлите сончеви денови, особено во попладневните часови. Овој факт укажува дека озонот се создава фотохемиски од нечистотиите на воздухот.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #55 на: 11 Октомври 2011, 23:17:43 pm »
Види, ова не е Озонер - ова е јонизатор! Точно е дека мал дел и озонира (О3) со цел уништување на вируси, бактери ... и тогаш од О3 преоѓа во О2 (кислород), пошто едниот атом од кислородот се искористи за оксидација на вирусот, бактеријата ... Значи у мала доза е корисен ;) Имаше некаде на Нет и анимација за све ова, ама ме мрзи да барам :)

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #56 на: 11 Октомври 2011, 23:21:34 pm »

Концетрацијата само од 0,04 mg/m3 може да биде отровна за човекот и животинските организми за неколку часовен престој во таков воздух. Концетрацијата од 0,53 mg/m3 за време од 1 час предизвикува смалување на респираторниот капацитет на белите дробови. Поголеми концентрации предизвикуваат пулмонален едем, хеморагии и смалување на размената на гасовите преку алвеоларните мембрани. Максимално дозволени концетрации за 8 – часовно делување изнесува 0,22 mg/m3.

Е сега колку произведува озон овој уред?

До пред месец дена мислев дека озон-от не е штетен за луѓето, кога дознав се изненадив.
Исто и за Аргонот и за ред други гасови.
Целта ми е само да се иформираме.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #57 на: 11 Октомври 2011, 23:24:12 pm »
Незнам, треба да прочитам, ама знам дека овие неколку години работи непрекинато во просторија од 9 м2, а е предвиден за преку 80 м2 и дека децата не ми идат на лекари како порано, фала Богу!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #58 на: 11 Октомври 2011, 23:26:20 pm »
Трпе батали го тоа што си го напишал...Мирисот на озонот што го создава јонизаторот нема врска со тоа то го пишуваш. Сигурно си имал можност да го осетиш мирисот во воздухот после грмотевици откако ќе се смири времето. Тогаш сите дишат со полни гради...никој не се отрул туку напротив се изнадишил чист воздух. Не џабе вакви јонизатори се препорачуваат кај болни од астма и проблеми со дишењето. Јонзаторот во некои клима уреди е составен дел од уредите. Досега нигде не сум слушнал нешто негативно за ваков уред и истиот во разни варијанти и изведби се продава секаде во светот. Покрај тоа дома кај нас се користи преку 20 год и досега фала богу сите сме здрави и живи :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Јонизатор за во автомобил
« Одговори #59 на: 11 Октомври 2011, 23:33:01 pm »
За игла да искористам игла од шприц? Дека многу остра е ама па шуплива е