Функционира и без јон детектор... едноставно осеќаш како дува кога ке го приближиш поблиску до тебе, а и озонот што го мирисаш е доказ плус. Да не зборам за плавата искра која прескокнува од иглата кон прстот... А ланцетата неможи да се употреби таква каква што е. Мора да се обработи да нема ниту еден остар врв освен оној напред....
Јас озон како гас не би го мирисал. Е сега дали ова ќе произведе озон како гром незнам.
http://mk.wikipedia.org/wiki/OzonОзонот (грч. Το όζον, “да мириса”), е бледо син, високо отровен гас со силен мирис. Озонот се смета за загадувач на земјино ниво, но озонската обвивка во горните делови на атмосферата го заштитува животот на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација.
Озонот на земно ниво преставува опасност по здравјето, предизвикувајќи респираторни заболувања како бронхитис и астма. Истотака ја оштетува и вегетацијата и предизвикува гумата и некои пластики да се декопензираат.
При повисоки концнтрации, озонот е штетен по здравјето на човекот. Со осиромашување на озонската обвивка настануваат климатски промени како и зголемување на УВ зрачење. Со појава на климатски промени се јавуваат и киселите дождови при што се формира тропосферски озон кој има многу штетно влијание.
Озонот, хемиски е многу активен и станува во реакција со составните делови на воздухот формирајки секундарни соединенија. Во ноќните часови, во атмосферата на поголемите урбени средини, озонот е присутeн во незначајни количини. Започнува да се формира пред самата зора, се задржува во текот на денот, а во поголеми количини го има за време на мошне топлите сончеви денови, особено во попладневните часови. Овој факт укажува дека озонот се создава фотохемиски од нечистотиите на воздухот.