Автор Тема: Проект: CarPC за Opel Corsa D  (Прочитано 34809 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #60 на: 22 Јануари 2016, 00:13:41 am »
Фала ти на предлогот @SaleSk. Ќе го контактирам од наредната недела.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #61 на: 22 Јануари 2016, 11:56:00 am »
CNC мислам дека ке заврши работа

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #62 на: 22 Јануари 2016, 16:09:05 pm »
Браво, одличен проект. Само ме интересира како ќе се покаже во лето на +50 компјутерчево.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #63 на: 22 Јануари 2016, 16:22:53 pm »
Ризик е. А сигурно е со пасивно ладење.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #64 на: 22 Јануари 2016, 17:40:27 pm »
Да не заборавиш да кажеш дека Буци те пратил (chuckle)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #66 на: 22 Јануари 2016, 17:51:06 pm »
А кога ќе ја паркираш на Сонце?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #67 на: 23 Јануари 2016, 21:20:35 pm »
Не работи компјутерот ваљда кога е изгасена колата.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #68 на: 23 Јануари 2016, 23:01:51 pm »
Нормално. Ништо не работи кога е изгасена колата, нити компјутерот, нити регулаторите на напон. Освен еден ATMEGA328 микроконтролер кој е задолжен за контролирање на палење/гасење на компјутерот, радиото, екранот итн. Ќе има и кулерче на радиото (фабрички си има отвор за кулер) кој ќе се вклучува во зависност од температурата, која ќе се мери со термистор и испраќа на микроконтролерот.

Нема ризик, радиото си има заштита и компјутерот си има заштита. Доколку дојде до прегревање ќе си изгаси и никому ништо. Прво ќе тротла процесорот (се намалува фреквенцијата со цел да се олади), доколку сеуште не се намалува температурата и дојде до одредена максимална температура на процесорот, ќе се јави заштитата и ќе го исклучи.

Плус летно време доколку е неподносливо жешко за компјутерот, тогаш е и неподносливо жешко и за мене. Не планирам да возам без клима, не ради компјутерот туку ради себеси.
« Последно менување: 23 Јануари 2016, 23:08:39 pm DimitarMK »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #69 на: 24 Јануари 2016, 11:09:51 am »
Не во таа смисла. Мислев на издржливоста на екранот на висока температура. Рачунај ја паркираш на паркинг надвор 40 степени внатре 60. За возење знам дека клима имаш. Прашувам оти пред неколку години во Буба си заборавив телефонче во сред лето. Екран лето цело се поремети од жештината. Не знам дали овие екрани како што е кај мене и кај други коли ги прават со некаква поголема толеранција на оштетување од топлина.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг:
« Одговори #70 на: 24 Јануари 2016, 11:36:01 am »
На сонце беше телефонот или не?

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #71 на: 24 Јануари 2016, 12:45:09 pm »
Користам еден телефон во колата за torque апликација со екранот сум немал проблем но се гасеше телефонот кога колата мн.   време стои на сонце. Процесорот има некоја заштита од прегревање.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #72 на: 24 Јануари 2016, 23:07:12 pm »
На сонце беше телефонот или не?

Најверојатно. Рачунај и ова има шанси да биде директно изложено на Сонце.

Сигурно има некоја разлика од овие екрани и оние што ги вградуваат за во кола.

Не знам, лаички претпоставувам.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #73 на: 24 Јануари 2016, 23:09:57 pm »
Па затоа прашав, пошто е пак затскриено. Абе сеа, и да се деси нешто се поправа со ибејов за не многу пари. А и димитар не е 'черашен. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #74 на: 24 Јануари 2016, 23:12:41 pm »
Јасно, јасно! :)

Башка не се сите будали што го прават ова (Car PC/Raspberry Pi). Сигурно има некоја логика.

Иначе гледав еден тип имаше ставено инфраред сензори под крилата, демек да мерел температура на гумите.