Можеби погрешно размислувам,
ама ако првите истерале 92000, зошто да не купам исти? 
Километражата не ги јаде метлиците.
Сум пробал секакви метлици, не поднесувам да ми оставаат линии не па да ми размачкуваат и највеќе што ми издржале се Шампионови, три години, ако претходно не ми ги дигнат

(југо)
На Типото поткршена беше метлицата, нова 60 евра од автоделови, во овластен не се осмелив да прашам

потоа менував гумици, катастрофа.
Со Меганот2, Валео, по пола година шлакатарник.
Праксис, на росење цвичеа ко луди.
Лукас, не лежеа убаво и оставаа неизбришан дел. (На меган3 легнаа убаво)
Уште една марка пробав и се вратив на старомодните шампионови.
На i10 воопшто не експериментирав, директ шампионови.
На i30 не ми се ставаа шампион поради изглед, во овластен претпоставувам ќе ме дереа.
Wurth немав пробано и скептично зедов прво една метлица да видам како ќе се понаша. Откако видов дека е ок докупив уште една. Останува да се види колку ќе тераат.