Палома на стапче.
Дај еднаш 2000 денари и терај ги подолго време, наместо на секои 2 месеца да тураш од “евтините”.
Јас имав Бош од скапите, али една вечер надвор беше колата сред зима, следниот ден ѓоа ќе го чистам снегот од шофершајбната што наврнал вечерта, пуштам бришачите, ама пустото долниот дел да ти бил замрзнат, ги сјебав во секунда скапите со една мала грешка. Одлични беа! Од тогаш земам ефтини и бришат дури бришат па ги менувам од најблиската бензиска...
Којзнај како да речи чоек, кој како милува такви нека си купува:)
Дечки а за нас обичниве смртници што ќе препорачате да се земи ? до крај 300/400 денари парче ?
Последните ми се Праксис Аеро од Лукоил, 150 денари парче, купени пред скоро година и сосема солидно си ја бркаа работата... следно ставање гориво ќе ги сменам, почнаа да оставаат траги.