Автор Тема: Возило на плин од 3500-4000 евра  (Прочитано 2509 пати)

Отсутен Enzo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Возило на плин од 3500-4000 евра
« на: 15 Септември 2015, 15:43:39 pm »
Здраво на сите.
Би сакал да купам половно возило на плин, а буџетот ми е од 3500-4000 евра. Претежно ми треба за градска вожња и да има 4/5 врати. Ако морам да бирам помеѓу постаро класа возило (BMW, Audi, Mercedes) или возило од пониска класа ама поново годиште, би го избрал второто.
Претходно имав Ford Fusion 1.4 tdci i многу беше тромав моторот, а за на отворено па да не ни правиме муабет. Значи не мора да е спортски модел, ама да влече убаво. Може до кај 105-110 коња.
Чекам ваши препораки и искуства на членови кои имаат возила на плин.
Благодарам однапред.

Отсутен Enzo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #1 на: 18 Септември 2015, 20:43:07 pm »
Bump

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #2 на: 18 Септември 2015, 20:58:56 pm »
Ретки се количиња што ем влечат ем на плин ем ефтини ем мали. Да видиш нешто во стил на 1.8т мотор во ауди. За постаро а брзо аутце тоа е генералниот избор. А и моторот е добар за на плин.

Работата со коли од пониска класа е што и доаѓаат со мотор од пониска класа.

Отсутен Enzo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #3 на: 19 Септември 2015, 19:33:16 pm »
Види, не мора да лета, само да не е како некои дизели од 1.4. што треба да ги турираш до крај 2/3 за да добиеш пристојно забрзување. До кај 100 коња ќе врши работа за низ град. Битно да не е трактор како некои што ги продаваат 1.0 или 1.2 на плин.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #4 на: 19 Септември 2015, 20:01:29 pm »
Пријател, да ти почнуваше темата со "би сакала" и место Enzo да се викаше пример Верче до сега ќе ја возеше новата кола, а можеби и попуст ќе лапнеше.  :D

Иначе мој избор би бил Suzuki Swift 1.3 мотор, со 93 коња. Жилаво, убаво, интересно и издржливо возило. Поздрав

edit Мислам на 2ра генерација, од 2004-та до 2010-та

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #5 на: 20 Септември 2015, 00:39:34 am »
А дали си пробал Голф 4 1.9 ТДи 110-130кс? Ако имаш можност седни пробај пред да зимаш било што.

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #6 на: 20 Септември 2015, 03:14:46 am »
Не зафркавај, за 4000 евра се наоѓаат посаглам и понови коли купени тука, од прв газда, од грдосијата Голф 4ка... :)

Барај си возило од пониска класа, со помалку поминати км, купено тука и обавезно проверка на сервисна историја во овласен сервис и сл. Чим бараш возило на плин, значи сакаш да возиш ефтино, а не да лупнеш 4000 еу па да правиш ремонт на некоја дупната од возење "класа" на кола од по плацеви.
« Последно менување: 20 Септември 2015, 03:23:57 am DimitarMK »

Отсутен Enzo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Возило на плин од 3500-4000 евра
« Одговори #7 на: 20 Септември 2015, 19:34:07 pm »
Согласувам се со тебе Димитар, голф 4 не би го одбрал во никој случај за следно возило. Наоѓат се добри понуди, ама поретко се појавуват, и брзо исчезнуват... некој брзо реагира. Peugeot 307, C4, Focus, Corsa, и други слични има од тој ранг.