здраво на сите,
имам буџет од околу 7000евра. планирам да купам поголем (семеен) автомобил од сегашниот (opel corsa B 1999год.).
разгледував огласи на пазар3, реклама5, автоогласи, врапче ... опцијата купување нов не ја земам во предвид.
прашањето ми е: дали вреди да се дадат толку пари за постар (2005-2006) автомобил од класата на bmw1, audi a3, golf5, ... или подобро е да се купи понов (релативно) од класата на renault megane 1.5dci, opel astra, seat leon, ...
намената би била најмногу за подолги патувања со (најчесто) многу багаж (во габарит, не во тежина).
потрошувачката на гориво (во прво време) да не биде поголема од 6-7л/100км.
секое мислење е добредојдено.
поздрав,