Се извинувам ако не е темава на соодветно место или е несоодветен насловот, нека превземат администратори.
Сакам да се пожалам и да ја опишам мојава болка.
Неодамна на возилото Suzuki GSX-R 750 2007 ми се појави една мала вибрација на 4000-6000 РПМ. Успеав да го изолирам проблемот со тоа што еден од штрафовите за ретровизорот беше скршен, по соодветно барање и изработка проблемот е решен. Но при целото буричкање и раштрафување на пластиките, предната десна средно мала пластика со име intake cover, едно од оние држејќи го штрафот беше скршено, на соодветнава слика погледнете.
![](http://www.bestemusa.com/assets/images/CBSU-75006-RAC__1A.jpg)
Се мислев да го залепам јас со двокомпонентен или каков и да е лепак за пластика, но се решив да го однесам на квази професионален мајстор да ми го залепи и да не се плашам дека пак ќе се скрши. И тоа го направив, кога ме извести дека е готова пластиката и отидов да ја земам, имав што да видам ме шокира, извитканата и стопената пластика, на сред дел. И ми вика со зборовите не знам дали ќе ти смета ама малку се извитка ова. Да можам да ви опишам колку многу се трудам да го задржам оригиналитетот и квалитетот на моторот. И ми вика, ај ако не остави ја, ќе ја шприцне малку дечково и ќе биде во ред.
И на момент си помислив ајде ќе ја оставам секако ја уништи ваљда ќе ја среди. После час време ми текнува дека кодот за боите е мноогу карактеристичиен, и дека се толкави големи токмаци тие кои работат таму што нема ни да се потрудат да побараат по интернет да го најдат, и најверојатно ќе импровизираат некоја црна мат боја за бурии.
И отидов нервозен си го земав делот. Исто и warning лепенката беше уништена која самата кошта околу 37 еур. Кодот на пластиката е 94670-01H00-YKV цената на нова пластика со шипинг до мкд и најверојатно царина ќе ми испадне 150 евра во најмала рака, 9000 денари штета за грешка на орангутани од мајстори. Со тешки маки се помирив дека ќе мора да се прави, китира и фарба пластиката, нешто што ме плаши. По тражење и наоѓањето на color code од
http://www.colorrite.com/ web страницата кодот на боја е YKV. Кај нас во Штип еден меша бои по standox софтвер и како за среќа се погоди да ја има бојава во софтверов и инструкции за мешање и добивање на соодветната боја. Направив 50мл 300 денари, и отидов кај квази најдобриот мајстор кај нас во Штип да ми ја оправи пластиката. Дечкото за ставање и стругање и фарбање на пластиката ми зеде 1000 денари. Труд си е труд и секој масјтор со свои цени но за тоа мало парче пластика 1000 денари е безобразно многу. А да не збориме дека беше надвор од предвидениот рок до кога ќе е готова. Иако ја тестиравме бојата како божем одговара кога го зедов парчето, не толку добро исправено, бојата од едната на другата страна сосема различна. И лак, свети наспроти матт металикот оригинален YKV. Ја спредувам со темната сива на моторот и таа боја, всушност на него му се измешани кодовите за боја во самиот компјутер па со овој код излегува друга боја. Трагедија. Му го кажувам ова, ми вели не таа е, нема шанси а ја гледам дека перлите не се исти, многу се погусти, од авион се познава дека не е таа боја. И се натегаме и нема тука што јас да правам. И треба сега од сите кодови за мојов мотор да направам по 50 мл и да тестирам која ќе се погоди, што е глупо. Ај тоа бојата, ама пластиката е лак, и мајсторот што ја рамнеше и фарбаше ми рече дека мора лак за да стои бојата иначе нема да биде отпорна. Добро како е фабрички направена пластиката со таа боја, ем матт ем перли и металик ем да не паѓа? Дали немал мат лак, на colorrite вика да не се става clearcoat што мислам дека е лак, само basecoat, само самата боја. 1500 денари за џабе. И покрај целиот овој проблем, самата пластика всушност и не лежи убаво на самиот мотор, малку има отвор најверојатно поради загревањето при лепењето на самата пластика се изменила формата. Изгледа покрај сите овие маки потрошено време и пари ќе мора зимово да се почастам со нова 9000 денари пластика поради инкомпетентноста и моронизамот на мајсторите и тоа што никако не можеш да им докажеш и правно тие се секако заштитени.
Па дали можете да ми препорачате некој веродостоен што навистина може да ми направи боја по кодот YKV и да биде во ред, со тоа што бар да ја префарбам пластиката со истата боја па наредната година здравје со нова пластика ќе ја фрлам старава. Благодарам.