Кога веќе си се решил за половно возило, разгледај ја опцијата сервис и резервни делови.
Тука се во водство на прво место голфот, па пежото и на крај маздата.
Расипливоста е релативна работа и не можеш да ги генерелизираш работите.
Повеќе продадени возила, повеќе расипани.
Пежо имаат одлични мотори, проверени. Добра вожња, плин им легнува одлично.
Не се скапи за одржување.
Голфот е исто така добро возило, но по мене е преценет за она што би ти го понудил.
Плус треба да гледаш од која година е, каква е изведбата на моторот итн итн итн.
Делови има колку сакаш и е поефтин за одржување од Југо.
Маздата е одлично ауто. Сервис имаше, па немаше, па сега повторно има. Делови на старо не можеш да најдеш лесно, нови веројатно се релативно скапи, а заменските се кој знае со какво потекло.
Како и да е, ако го земеш возилото од познат човек, со сервисна книшка и педигре, веројатноста дека нешто нема да биде во ред е сведена на минимум. Возило без педигре, донесено од некаде, купено од препродавач е мачка у вреќа.
Во вториов случај најдобро е да купиш Голф или Пежо, барем ке имаш можност да го крпиш за поефтино.
