Потрошувачката ќе се намали.
Бидејќи новите свеќици се нови, искрата е јака и многу побрзо ја распалува смесата гориво-воздух него ли слаба искра од истрошена свеќица, каде што смесата не стигнува да се запали и да согори целосно во тактот на експанзија, и дел од смесата се уште се запалува и согорува кога клипот е веќе во долната крајна положба и издувните вентили почнуваат да се отвараат (јес да ова се случува и со нормално истрошени свеќици, ама разликата е далеку подрастична со истрошени и стари свеќици).
Затоа и се осеќа добивање на снага и намалување на потрошувачка кога ќе ги смениш свеќиците, особено ако старите свеќици се апла истрошени. Снагата најмногу се осеќа при агресивно возење (високи вртежи), каде што смесата има многу помалку време да се запали и согори пред да биде исфрлена надвор од цилиндрите.