Автор Тема: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии  (Прочитано 45237 пати)

Отсутен igorN73

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #30 на: 13 Декември 2011, 23:35:48 pm »
Гојдо до каде е тестирањето?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #31 на: 13 Декември 2011, 23:38:10 pm »
Веројатно во прекин поради немање доволно HaHaO :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #32 на: 14 Декември 2011, 00:44:26 am »
Завршено е тестирањето, почнав да пишувам статија, ама неможам да смогнам малку повеќе време да ја допишам и збогатам со сите неопходни податоци, па да оди на портал како стручен напис.

Како и да е, ќе кажам на кусо: На модерен автомобил кој е раководен компјутерски и сензорски едноставно е неможно денешниве системи да се прилагодат да функционираат. По многу тестирање и за*бавање ние не успеавме да го направиме да функционира така што ќе заштеди бар 10% гориво. Се што добивме беа многу чек енџини, деградирани перформанси поради лош AFR, неправилна работа на моторот, мирис на сулфур/расипано јајце во кабина, расштелувани мапи на ECU-то.

И сето ова користејќи „најмодерна“ сува ќелија со капацитет на производство избран идеално според зафатнинанта на мојот мотор, со пулсатор и регулатор на струја, со регулатор на AFR и лажач за O2 сонда.

Можеби ќе функционира на некој стар карбураторски крајно не-економичен бензинец или стар не-економичен дизел кој не се раководи компјутерски и со сонди.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен igorN73

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #33 на: 14 Декември 2011, 10:04:29 am »
Шкода Фелиција на пример :) по не-економичен бензинец здравје..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #34 на: 13 Јануари 2012, 12:02:44 pm »
без навреда, гојдо, ама не знам со кој памет воопшто си покушавал.

Ковалентната врска меѓу атомите на водород и кислород во молекулот на водата е една од најсилните врски познати во хемијата. Потребна е поголема енергија таа врска да се раскине отколку што ќе се добие со горење на добиениот водород. „Погон на вода“ се сведува на perpetuum mobile.

http://nctritech.wordpress.com/2010/08/14/hho-is-a-scam-water-for-fuel-doesnt-work-dont-fall-for-it/

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #35 на: 13 Јануари 2012, 12:27:45 pm »
@filipv

Слободно пиши што мислиш, не се устручавај, не се вреѓам. ;) Кристално јасно ми е тоа кое го зборуваш, всушност во еден пост на темава истото и јас го кажав и објаснив накусо во што е поентата со користењето на HHO.

Поентата не е да се користи ННО како погонско гориво, туку да се користи за поубаво согорување на примарното гориво плин (во случајов). Тоа значи ослободување на повеќе механичка енергија, а помалку топлинска, за исто количество на плин.
Водородот побрзо гори и од бензин и од плин, па малото количество (околу 10% во однос на плинот во мојот случај) во смесата со воздух и го помага согорувањето на плинот во цилиндрите. Со тоа се зголемува ефикасноста на моторот, т.е. се зголемуваат економичноста и/или моќноста, но за сметка на тоа и се намалува работната температура на моторот.

Инаку приказните дека од вода со електролиза може да се добие доволно ННО како единствено погонско гориво се луцидни. Не постои перпетуумобиле!.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #36 на: 13 Јануари 2012, 13:27:23 pm »
Малку е нејасно сево ова. На кој начин водородот би помогнал во горењето на плинот, освен како некаков катализатор (што не е)?

Евентуално да се врзе на некој начин со плинот при што би се добила некоја нова, трета супстанција која ќе гори подобро од плин, ама ни тоа не се случува?

Aко идејата е, просто, да гори барабар со плинот/бензинот, тогаш пак доаѓаме до перпетум мобиле.

Со други зборови, не знам ни како воопшто луѓето го замислуваат тоа, настрана дали и како практично би работело. Теориски не можам да го сварам.

Прашање до тебе, гојдо: како се заврши целата таа авантура? го извади уредот? дали имаше потреба да го (п)ремапираш ецуто?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #37 на: 13 Јануари 2012, 14:27:33 pm »
Брзината на ширењето на пламенот при согорување на HHO е 3.5 пати поголема одошто брзината на согорување на смесата од бензин и воздух во цилиндрите од мотор. Па како што и самиот знаеш колку е побрзо согорувањето до толку е појака и експлозијата. А тоа значи поголемо ослободување на механичка енергија, а помало ослободување на топлинска. Па така со ННО би требало да се предизвикаат помоќни експлозии, а тоа тоа значи зголемена моќност на моторот од каде следи намалената потрошувачка.

Кај мене целата работа заврши така што го извадив уредот. Како што пишав, ми се јавија чек енџини поради несоодветната смеса на гориво, моторот неправилно работеше, а потрошувачката и моќноста останаа исти. Почнав да пишувам статија, меѓутоа што од немукает, што од мрза сеуште ја немам завршено.

Екуто нема потреба да се премапира бидејќи не беше ни претходно премапирано. Само го ресетирав за да ги избрише параметрите кои ги имаше научено при возење со ННО, а потоа ја повозив 150-200 километри на бензин за да си ги научи оптималните параметри при мојт стил на возење низ град. На плин си работеше исто ко и претходно.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #38 на: 13 Јануари 2012, 14:36:37 pm »
Брзината на ширењето на пламенот при согорување на HHO е 3.5 пати поголема одошто брзината на согорување на смесата од бензин и воздух во цилиндрите од мотор. Па како што и самиот знаеш колку е побрзо согорувањето до толку е појака и експлозијата. А тоа значи поголемо ослободување на механичка енергија, а помало ослободување на топлинска. Па така со ННО би требало да се предизвикаат помоќни експлозии, а тоа тоа значи зголемена моќност на моторот од каде следи намалената потрошувачка.

Значи, идејата е сепак просто да се пали тој водородот измешан со конвенционалното гориво. Плин со мала помош на перпетум мобилето. :-)

За ремапирањето прашував бидејќи претпоставував дека ќе мора да се смени мапата како дел од процесот на инсталација. Сум бил грешка. Фала на појаснувањата.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #39 на: 13 Јануари 2012, 15:17:39 pm »
Не се мења мапата, туку се става еден динамичен лажач кој има за улога прво да спречи погрешните информации од оксидните состојки добиени на втората О2 сонда и второ како регулатор на AFR со што можеш да ја нагодиш економијата/снагата на возилото.

Инаку за ремапирање би требало да имаме современа лабораторија и опрема па дури потоа да се експериментира со AFR и времињата на палење.

Инаку по теоријата не се работи за перпетум мобиле туку само за зголемување на ефикасноста на моторот.

За жал, како што пишав, тоа кај мојата Mazda 6 1.8 не функционираше. Исто така не функционираше ни кај Mercedes C220 kompresor, ни кај Dodge Caliber 2.0 турбо дизел комон рејл.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #40 на: 13 Јануари 2012, 15:37:48 pm »
ова само на прост мотор со карбуратор би вршело работа

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #41 на: 13 Јануари 2012, 16:32:45 pm »
ова само на прост мотор со карбуратор би вршело работа

Онака како што јас го разбирам универзумот, ова неможе да донесе никаква заштеда на ниту еден мотор кој е кога било направен или кој ќе биде кога било направен.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #42 на: 13 Јануари 2012, 16:51:54 pm »
Цитат

Ковалентната врска меѓу атомите на водород и кислород во молекулот на водата е една од најсилните врски познати во хемијата.


Јебига мора да се умешам, не друго да не ме кара жена ми ;D Најсилна врска во хемијата е јонската. Врската меѓу двата атоми на водород и едниот атом на кислород е ковалентна единечна врска H-О-H , а меѓу молекулите на вода постои Водородна врска благодарејќи на која водата е во течна состојба. Оваа Водородна врска овозможува создавање на Кластери - гроздови кои ја пренесуваат информацијата што ја содржи - ТОА Е ТАЈНАТА НА ВОДАТА !!! :)
Иначе filipv у право си за све ;)

Отсутен machho

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #43 на: 20 Јануари 2012, 22:29:40 pm »
pozdrav do site.interesna tema koja pokraj skepticni razmisluvanja sepak e vredna za razmisla.inaku procitav dosta nelogicni komenatri koi sozdavaat zabuna.pred se hho uredot ne e nikakvo perpetum mobile.toj e realen i funkcionalen ured koj vekje postoi i se koristi vo vozila.postoi vo verzii so procentualna zastapenost =hho i drugo gorivo =no i kako samostjno.za rabota na uredot ne e dovolno samo da ima keija za razlozuvanje na vodata tuku i red propratni elektoniki .samo sevkupno kompletiranje ke dovede do realen uspeh.jas eksperimentiram so toa i temata elektonska podrska ja zavrsiv .dokolku ima lica koi seriozno se vpusteni vo proektot postoi moznost za sorabotka ,razmenana iskustvo no i timsko angaziranje.golem del odproblematikite gi imam razraboteno pa otvoren sum za sorabotka.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Водородни ќелии (H2), хидро метан и HHO (Brown's gas) ќелии
« Одговори #44 на: 21 Јануари 2012, 10:30:14 am »
pozdrav do site.interesna tema koja pokraj skepticni razmisluvanja sepak e vredna za razmisla.inaku procitav dosta nelogicni komenatri koi sozdavaat zabuna.pred se hho uredot ne e nikakvo perpetum mobile.toj e realen i funkcionalen ured koj vekje postoi i se koristi vo vozila.postoi vo verzii so procentualna zastapenost =hho i drugo gorivo =no i kako samostjno.za rabota na uredot ne e dovolno samo da ima keija za razlozuvanje na vodata tuku i red propratni elektoniki .samo sevkupno kompletiranje ke dovede do realen uspeh.jas eksperimentiram so toa i temata elektonska podrska ja zavrsiv .dokolku ima lica koi seriozno se vpusteni vo proektot postoi moznost za sorabotka ,razmenana iskustvo no i timsko angaziranje.golem del odproblematikite gi imam razraboteno pa otvoren sum za sorabotka.

Како го објаснуваш фактот дека не постои ниту еден забележан случај на реална заштеда на гориво со користење на вакви уреди, ОСВЕН во извори кои се посредно или непосредно со произведувачите или дистрибутерите на такви уреди?

Моето објаснување е: најобична измама.

Ги предизвикувам сите лековерни да презентираат некој НЕЗАВИСЕН извор кој ќе потврди „да, го инсталирав овој уред и ми донесе заштеда во гориво“. Јас копав цела недела по интернет и не можев да најдам.

Тие уреди се данок на спиење по часовите на физика и хемија во школо.