Марка / модел:
Година на производство:AUDI / A3
2010-2012
VOLKSWAGEN / GOLF
2010-2012
VOLKSWAGEN / JETTA
2009-2012
VOLKSWAGEN / JETTA SPORTWAGEN
2009-2012
Производител: VOLKSWAGEN OF AMERICA, INC
Компонента: Систем за гориво, Дизел
Број на загрозени возила: 168,275
Извештај:
VW повлекува модели од следниве возила: Jetta и Jetta Sportwagen (произведени мај 2008 - септември 2011), Golf (мај 2009 - септември 2011), Audi A3 (септември 2009 - септември 2011), кои како погонски агрегат го користат 2.0 литарскиот TDI Common Rail дизел. Проблемот се појавува при специфичен притисок врз педалот за гас, при одреден број на вртежи на моторот. Имено, горивото се пумпа низ бризгалките со фреквенција на пулсирање иста како природната резонантна фреквенција на вториот вбризгувачки довод, при што резонанцијата која се создава, негативно влијае врз системот за довод на гориво.
Последица:
Поради резонанцата која се појавува, кај вториот вбризгувачки довод може да се појават мали пукнатини, низ кои може да истече горивото, кое во присуство на запаллив материјал, може да доведе до запалување на моторот.
Поправка:
VW ќе ги контактира сопствениците на загрозените возила, ќе го замени вториот вбризгувачки довод, и дополнително ќе инсталира придушувачи на сите доводи. Поправката ќе биде бесплатна. Сервисната акција треба да започне во ноември.
Забелешка:
Се работи САМО за возила произведени во погоните во САД, бидејќи поради критериумите за емисија на штетни гасови во САД, пумпата за гориво кај Американските TDI мотори работи на поинаква фреквенција отколку кај Европските TDI мотори.
http://www.autoblog.com/2011/10/06/vw-and-audi-recall-nearly-170-000-tdi-diesel-models/http://jalopnik.com/volkswagen/