Тука се праи муабет за поновата Астра, која што тежи ко Ес класа. Патем, имаше еден член на форумов со Астра 1.4 турбо и се жалеше на големата потрошувачка, а и на тоа дека не иде баш ко за 140 коња. Фино изглеа астрата, ама ништо повеќе од тоа, секаде се зборува за тоа колку е тешка и колку и се утепани возните својства поради тоа, а и потрошњата.
Од овие две, голфот е подобар избор, ама многу претпазливо со тси моторот, пошто проблемов со ланчето и не е така наивен и редок.
Јас не би ни двете, ама ако веќе изборот ти е сведен и си решен за едно од овие две, џабе ќе пишуем понатака.