Автор Тема: BMW 318i 2010г  (Прочитано 37413 пати)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
BMW 318i 2010г
« на: 01 Август 2015, 20:11:50 pm »
Здраво дечки, јас сум нов член и случајно налетав на овој форум, имаше линк на ГСМ Арена од овој форум за мислење од кола, а мене баш тоа и ми треба. Не сум некој којзнае колку искусен возач, имам возено 2 години, сменето 3 коли, третата штотуку ја купив пред една недела и со тоа направив голем скок бидејќи никогаш до сега немав возено/пробано понова кола, имам една Опел Астра 1.4 95г за на работа и претходно едно Клио 95, па секој што има искуство и што треба да знам како почетник на истата, да ми додели некој совет би бил преблагодарен.
Значи станува збор за BMW 318i 2010година, 143 коњски сили, 2.0 кубика, 12 000km...






Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #1 на: 01 Август 2015, 20:25:36 pm »
Еми убо количе. Вака на лик убо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #2 на: 01 Август 2015, 20:27:48 pm »
12000км? Зимај ич не се мисли!!!!!!!!!

Само симни му цена зошто е бела колата! Башка ќе имаш и дополнително трошоци за да ги опраиш штоповите позади, а и бандажите што треба да се префарбаат. Значи имаш простор за договор.

Потоа одиш со препорака во Плимонт и ја решаваш колава за следни 10 години.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #3 на: 01 Август 2015, 20:48:17 pm »
12000км? Зимај ич не се мисли!!!!!!!!!

Само симни му цена зошто е бела колата! Башка ќе имаш и дополнително трошоци за да ги опраиш штоповите позади, а и бандажите што треба да се префарбаат. Значи имаш простор за договор.

Потоа одиш со препорака во Плимонт и ја решаваш колава за следни 10 години.

Друже, колата веќе ја имам, инаку бандашите се топ, не се гледа убаво на сликата чек да најдам поубава слика, истотака јас не живеам во МК... штоповите се намерно затемнети... оваа кола за мене е авион, ја се плашев да ја возам, а ојдев 500км со воз само да ја купам и се повозив уште првиот ден. Како што читав по странски форуми, овај модел на БМВ е еден од најекономичните, инаку бензин е.









ЕДИТ:
Е сега имам едно прашање, што е подобро, МС(зимно-летни) гуми само да сменам на бандашите, или да си купам зимски гуми? Пошто живеам во Скандинавија, има доста длабоки зими...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #4 на: 01 Август 2015, 20:58:51 pm »
Јас мислев сакаш да ја купиш. Епа со здравје да си ја возиш!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #5 на: 01 Август 2015, 21:05:00 pm »
Земи си зимски.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #6 на: 01 Август 2015, 21:13:41 pm »
Фала Дени, дупло да ти се врати, инаку 17ки се дововолно за зимски, воопшто врше ли тоа улога? Истотака DTC навистина врши некоја улога на дожд или само на снег или не врши никаква улога?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #7 на: 01 Август 2015, 23:07:36 pm »
DTC ти е системот против пролизгување на погонските тркала, кој е пожелно да биде вклучен цело време, освен ако заглавиш во снег (или ако сакаш да гориш гуми, да праиш крофни, шлајфки и слично), па да треба да го исклучиш.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #8 на: 02 Август 2015, 08:11:05 am »
Друже со здраве да си ја возиш, се имам некое чувство дека се дупиш тука со членовиве.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #9 на: 02 Август 2015, 08:52:20 am »
@velestrumf нели DTC е како што кажа против пролизгување и тој треба да биде вклучен баш кога има снег и на врнежливо време. Зошто велиш да биде цело време вклучен, летно време нема потреба иако овде знае и летото да се истуре од дожд. Сега за сега овде нема многу ноќ, 2-3 саата, имам вклучено автоматски светла, дали вечерно време автоматски се адаптираат и на долго и кратко светло, поточно ако пример автоматски иде долго кога нема кола во спротивен правец, кога доаѓа кола во спротивниот правец автоматски се враќа на кратко? Пошто не сакам да им вадам очи на возачите... Маријан, фала другар дупло да ти се врати, али навистина сум почетник со новите коли и затоа потражив некои совети, не знам како мислеш се дупам со членовите...

ЕДИТ:
Дали има овде некој што продава зимски гуми за БМВ(95% сум сигурен дека има) и колку би коштале? Не знам ни овде колку би коштале, ама ке проверам и ке споредам и доколку ми се исплати кога ке дојдам за МК би купил од таму, нормално ако ми се исплаќа. Или пак има некој по странство што истотака продава, не би било проблем по камион да ми ги испрати.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #10 на: 02 Август 2015, 10:05:54 am »
@velestrumf нели DTC е како што кажа против пролизгување и тој треба да биде вклучен баш кога има снег и на врнежливо време. Зошто велиш да биде цело време вклучен, летно време нема потреба иако овде знае и летото да се истуре од дожд. Сега за сега овде нема многу ноќ, 2-3 саата, имам вклучено автоматски светла, дали вечерно време автоматски се адаптираат и на долго и кратко светло, поточно ако пример автоматски иде долго кога нема кола во спротивен правец, кога доаѓа кола во спротивниот правец автоматски се враќа на кратко? Пошто не сакам да им вадам очи на возачите... Маријан, фала другар дупло да ти се врати, али навистина сум почетник со новите коли и затоа потражив некои совети, не знам како мислеш се дупам со членовите...

Не бев јасен изглеа... DTC треба да се исклучи, ако имаш потреба од пролизгување на погонските тркала... Го спомнав снегот како пример ако заглавиш во снег, да се исклучи системот за да можеш да ги шлајфуваш тркалата, за полесно да излезеш од снегот. Ако е уклучен DTC, електрониката ќе ја одзема силата што треба да оди на погонските тркала и ќе имаш проблем да излезеш од снегот. Јас до сега сум исклучувал Traction Control кога предните тркала ми биле подлабоко во снег, во песок (подзаглаивме еднаш на дива плажа во Грција :)), и еднаш кога ја качував Стража, а беше подмрзнато доле, па малтене цело време со шлајфање одев, за да можам воопшто да се движам. Инаку, цело време си е пуштен ТС.
Што се однесува до светлата, не би знаел најточно на кој принцип функционираат, мада автоматските светла најчесто се, да се вклучат кога сензорот ќе види дека е темно надвор, а не да ти менуваат помеѓу кратки и долги светла.

Се надевам подобјаснив некако :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #11 на: 02 Август 2015, 10:15:14 am »
заебавал или не заебавал, ја морам да искоментирам пошто БМВ секако ми лежи на душа.
прво, со здравје да си го возиш.
второ, ДТЦ е систем за пролизгување кој што е нонстоп активен и треба така да остане во било која сезона, со притискање на дугмето го деактивираш во случај кога има длабок снег за да можеш да се извлечеш (или за лудување малку како што реше велештрумф) и да си го ископаат гумите патот кои секако мора да бидат зимски. најдобра комбинација ти е два комплета да имаш зимски и летни.
иначе, повели за совети во секое време.

П.С. бандажите за мене се одвратни.......ја би ги заменил со било кои ОЕМ пошто секако ќе стојат подобро, овие продај ги на некој што има јапанец, ако пасуваат воопшто на некој....

*****се повторивме со велештрумф ама мислам дека ќе ја сфатиш поентата****

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #12 на: 02 Август 2015, 10:59:09 am »
Да да, ја сватив поентата, фала ви за советите, а бандашите нормално се е до вкус, мене ми се допаѓаат овие и се како нови, затоа и се предомислев за МС(зимско-летна гума), сакам да си купам зимни и затоа прашав можеби има некој од овде продавница и продава. Инаку за ДТЦ, нз дали е вклучено или не, на мониторот нема никаква сијаличка да свети, пример кога ручна е дигната свете црвено и појас кога не е врзан свете црвено, друго ништо не свете. Кога ја земав, шприцнав 2пати на шофершајбната со прскачите и ми се покажа ова:

го прашав сопственикот ми кажа дека при крај е течноста за шприцање, ама кога ставав нз колку да ставам пошто нема никакво одбележување Min/Max и затоа ставив од прилика... сега е во ред ништо не покажува, а за ова ДТЦ, како да проверам дали е вклучено или исклучено, по мое мислење, ако е вклучено треба да свете црвено или грешка сум?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #13 на: 02 Август 2015, 11:13:38 am »
грешка си, нонстоп е активно без ламбиче, кога ќе стиснеш се деактивира и ти свети жолт триаголник со извичник во средина, најчесто е така на БМВ, едино ако не смениле нешто на поновите.

М+С се строго зимски гуми, не се all-season.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #14 на: 02 Август 2015, 11:26:16 am »
Земи зимски. Не се зезај со ол сизн.
М+С значи Мад енд Сноу. За калливи патишта по селата се наменети каде што нема многу разлика зимо и лето, зошто возиш по земја.

Зимски контунентал и ич да не се мислиш.